Или дајте му Златна топка на Левандовски или јас ќе му ја дадам мојата

Поранешниот легендарен шпански фудбалер, Луис Суарез со неверојатен фудбал ја заслужил Златната топка во 1960-та година пред иконата Ференц Пушкаш. Сега тој човек на стари години има порака до фудбалскиот свет.

Како и многу други милиони фудбалски следбеници ширум светот, така и Луис Суарез е зачуден како ФИФА и Франс Фудбал досега не го позлатиле полскиот центарфор Роберт Левандовски.

„Дајте му ја Левандовски Златна топка, побогу! Ако не му дадете, јас ќе му ја дадам мојата“, рекол Суарез за шпански Carrusel Deportivo

Суарез има 86 години. Тој е роден во А Коруња, во Галиција. Во кариерата играл за родниот Депортиво Ла Коруња, па за Еспања Индустријал пред да се пресели во Барселона каде на 122 меча дал 61 гол. Од таму оди во Италија и станува легенда на Интер за кого игра цели 9 години (1961-1970) и на 256 настапи дава 42 гола. Кариерата ја завршува во Сампдорија во 1973-та (63 средби, 9 гола).

За репрезентацијата на Шпанија играл од 1957 до 1972 и на 32 средби постигнал 14 гола.

Освоил 2 титули во Ла Лига (1958/59, 1959/60), Копа дел Реј во 1957 и 1959, Серија А три скудета (1962/63, 1964/65, 1965/66), Европски Куп/Лига на шампиони во 1963/64, 1964/65 и Интерконтинентален куп во 1964 и 1965.

Со Шпанија освоил Куп на Европски нации во 1964.

Златната топка ја добил во 1960 за најдобар фудбалер на светот.

5 ноември 2021 - 08:56