Фудбалска судбина - пред 25 години Малдини и Консеисао, сега нивните синови еден против друг

Милан и Порто одиграа сосема добар натпревар со неколку шанси на двете шанси. На крај поделија по бод (1:1) што повеќе им одговараше на гостите кои обезбедија најмалку Лига Европа на пролет.

Интересно на мечот на „Сан Сиро“ во последните 15-ина минути се случија два интересни моменти: прво за Порто во игра влезе 18-годишниот Франсиско Консеисао, син на тренерот на „змејовите“ Сержо Консеисао.

А после шест минути Стефано Пиоли во игра го пушти 20-годишниот Даниеле Малдини - син на легендарниот Паоло Малдини, технички директор на Милан.

Младите дечки не се влезени туку така поради протекција во прв тим, туку се сериозни таленти: Консеисао-помладиот важи за еден од најдобрите дриблери во португалскиот гигант, а Малдини-помладиот уште од минатата сезона влезе во прв тим (за волја на вистината на позајмица Даниеле изминатово лето не отиде на инсистирање на татко му).

Пред 25 години, кога ни Даниел ни Франсиско уште не биле родени, нивните татковци играа еден против друг на „Сан Сиро“ во Лига на шампиони.

Во далечната 1996-та Порто го победи Милан 3:2 во Италија, а Паоло Малдини и Сержо Консеисао играа од почеток на мечот. Едниот со легендарниот дрес број 3 а другиот бил 7-ца на Порто.

Малдини во тој момент имаше 28 години и беше во најдобар фудалски период во кариерата, а Консеисао 22 години. После тоа Паоло и Сержо уште неколку пати се сретнаа зошто темпераментниот Португалец се пресели во Италија и играше против Милан како фудбалер на Лацио, Парма и Интер.

Франсиско и Даниел се помлади синови на легендите. Малдини има уште еден син Кристијан кој сега игра во третолигашот Про Сесто, а Консеисао има уште два сина - Сержо-јуниор Консеисао (капитен на тимот Ештрела Амадора) и Родриго (стопер во Мореиренсе). Сите три сина на Сержо играат активно и професионално фудбал.

Семејна работа и кај Малдини и кај Консеисао.

4 ноември 2021 - 09:59