Како се однесуваа овојпат Клоп и Диего Симеоне?

Откако се крена голема врева за тоа што на изминатиот меч во Мадрид, Јирген го чекаше Чоло неколку минути да се поздрават после натпреварот, ама овој само истрча брзински под соблекувална и не пружи рака, па после објасни дека нема пракса да се поздравува, Клоп ја сфати пораката.

„Нема никаков проблем околу тоа. Знам дека Диего не сака да се поздравува, исто така и јас не сум најголемиот поздравувач на планетата. Оваа ситуација не го менува моето мислење и мојот респект кон него“, изјавил Клоп на пресот после мечот на Енфилд. 

4 ноември 2021 - 08:15