Жозе и против Бодо се вадеше на судиите и влезе во дуел со новинар

Само две недели откако го изедоа срамот на годината и загубија 6:1, фудбалерите на Рома и на Олимпико не успеаа да ги победат Норвежаните. 2:2 одиграа и тоа губеа два пати. Мурињо вели дека судијата треба да го објасни мечот, а не тој. Што е за право, гостите два пати играа со рака во шеснаесетник.

Мурињо веројатно беше силно решен да му се одмазди на Бодо Глимт за дебаклот и тргна во навал со Ѕаниоло, Ел Шарави, Абрахам и Михтаријан.

Но и овој состав повторно не успеа да слави против норвешкиот шампион, кој остана на челната позиција во групата. Рома се извади дури во 84-та кога ги постави конечните 2:2, а Жозе по мечот беше бесен.

„Реалноста на мечот е 2:2 со два чисти недосудени пенали. Тие имаа од два шута два гола, а ние не знам колку шутеви и два гола. Судијата сега мирно ќе си се врати дома во Грција. Не знам дали дека се работи за Конференциска лига, ама судиите се слаби и изгледа тука ја почнуваат интернационалната кариера. На првиот меч не беше крив судијата и таму не зборував за нив. Денеска има два чисти пенали“, стои во дел од изјава со Мурињо.

Но неговите изјави не се интересни во пишано издание, туку треба да го слуша човек, како во ова видео во кое тој инсистираше да му поставува прашања на новинарот и бараше да признае дека имало два пенали.

Според овие фотографии кои кружат на социјалните мрежи, Жозе излегува дека е во право. Но не се само двата пенали спорни, туку и вториот гол на Рома постигнат од офсајд. Проблемот е што во Конференциска лига нема ВАР за да ја расчисти оваа лакрдија.

Првото играње со рака на гостите

Второто

И голот на Рома за 2:2

Во Рим имаше и гостински навивачи кои дојдо со кратка и јасна порака.

По 4. кола во Конференциската лига во групата В, Бодо Глимт е лидер со 8 бода, Рома има 7, Зорја 6, ЦСКА Софија 1.

Хајлајтс од мечот

5 ноември 2021 - 09:37