На ова вреди да се напомене дека Бодо Глимт во последниве шест години ги победи: Рома 6:1, Рома 2:1, Легија Варшава 2:3, Бешикташ 3:1, Црвена Ѕвезда 2:1, Порто 3:2, Олимпијакос 3:0, Лацио 2:0, Манчестер Сити 3:1, Интер 3:1, Спортинг 3:0.
Оној јадниот навивач на Манчестер Јунајтед рече дека нема намера да се шиша додека неговите не добијат 5 меча по ред. Во Бодо Глимт немаат таков проблем. Сезонава таму е забавата. Норвежаните врзаа таква серија и тоа во ЛШ против екипи кои се викаат Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, два пати Интер, па Спортинг. Навивач на Бодо му удри провокација на Англичанецот, кој вошки ќе фати уште малце. 526 дена не бил на бербер.
По Ајакс 1971/1972, Бодо Глимт е прва екипа во ЛШ со 4 победи по ред против екипи од топ 5 лигите во Европа. Неверојатен податок. Погледнете им ја серијава. Првенството им е на пауза. Играат само Европа, а таму мелат и со пласманот во осминафинале испишаа нова историја. Следен противник им е Манчестер Сити или Спортинг.
Со Бодо Глимт нема играње сезонава. Веројатно многумина ги отпишаа и ги потценија дека можат да направат нешто во првата фаза од деби сезоната во ЛШ. Но тие не само што ја поминаа, туку и го елиминираа и фаворитот Интер во плејофот и сега се во топ 16. Погледнете го вториот гол. Ги решија фудбалски со четири додавања, а потоа прием и гол. Кај нив колективот е пред индивидуалноста.
Бодо е рибарско норвешко градче со поларни зими кое брои малку над 40.000 жители, нешто како Струмица. Градче со многу душа и чувство за спасување на многу начини. Фудбалски до пред шест години беа никој и ништо. Но откако во 2019-та ја освоија првата титула, Бодо Глимт станаа и европска сензација. Феномен кој ги надигра и победи Рома, Лацио, Интер, Порто, Атлетико, Манчестер Сити. Кај нив колективот е пред индивидуалноста. Чудо од тим.
Фудбалерка на Бодо Глимт, го изведе најдиректното и најнамерното играње со рака што сме го виделе, на натпревар од норвешката лига. Каква божја рака, типкава во Гордана Нацева се претвори.
Јенс Питер Хауге, кој играше за Милан и Ајнтрахт сака да ви покаже како се игра еден на еден. Ова е тој пример за игра која се вика: дриблинг, шут, гол. Фантастично одиграно на мечот против Тотенхем на кој имаа водство од 2:0, но Англичаните стигнаа до бод во 89-та минута.
Бодо Глимт и Лацио ја стартуваат четвртфиналната фаза од Лига Европа први, во терминот од 18:45 часот. Условите за игра во Норвешка среде април се зимски. За потсетување, во 2021 им гостуваше Рома со Жозе Мурињо во Конференциска лига. Ги шинаа 6:1.
Ако некој фати да прави топ 10 листа на најатрактивни голови со ножички, нека избере девет и нека ја остави празна позицијата број 1. Таа без конкуренција му припаѓа на 23 годишниот Камерунец од Бодо Глимт, Фарис Пеми Мумбања. Ја реализираше во полуфиналето од Норвешкиот Куп против Валеренга, кој Бодо Глимт го доби на гости со 2:4. Страшна акробативна мајсторија.
Амахл Пелегрино, Норвежанец со потекло од Танзанија направи брилијантен потег, односно два и овде човек не може да се реши што е појако, голот или приемот на топката? Погледнете го како ја изведе оваа убавина, како да е нешто најлесно на свет.
Се прославија против Рома, која ја попарија дома со 6:1. Викендов играа против Лилестром кој го совладаа со 2:0, меч кој доби продолжение од 24 минути поради обилни вржени од снег. Што ти е машина и брзина. Кај нас вака кога врне, го одложуваат мечот и два дена го чистат теренот со лопати.
Само две недели откако го изедоа срамот на годината и загубија 6:1, фудбалерите на Рома и на Олимпико не успеаа да ги победат Норвежаните. 2:2 одиграа и тоа губеа два пати. Мурињо вели дека судијата треба да го објасни мечот, а не тој. Што е за право, гостите два пати играа со рака во шеснаесетник.
Кај нас познат како Бодо Глимт, во Норвешка го викаат Буда Глимт, а низ Европа Буде Глимт. Било како било, овој клуб сензационално ја згроми Рома на Мурињо 6:1, резултат кој одекна како експлозија во Европа. Да го запознеме одблизу.
Од кого изгуби Рома 6:1, од Бодо Илгнер? Не не, Бодо Глимт се вика тимот, од Норвешка се. Бодо Илгнер беше голман, германска легенда која бранеше и за Реал.