Во чаршав натпреварите во четврток, ако скролавте на Лајвскор или Резултати, ќе забележите една очекувана седмица Спарта Прага - Лион 3:4 и една како да ви кажеме: Бодо Глимт - Рома 6:1.
Кои се па сега овие Бодо и како е можно Рома и Жозе Мурињо да примат 6 парчиња од нив?
Се работи за актуелниот шампион на Норвешка кој минатата сезона всушност ја славеше првата шампионска титула. Ама на големо славеше и синоќа.
Жозе Мурињо реши ова гостување да го игра со втор тим, ама долго ќе го памети, бидејќи стигна до неверојатен анти рекорд во својата тренерска кариера кој вели вака:
1.008 меча има како тренер и за прв пат негов тим прима 6 гола и тоа од Бодо Глимт.
1 - A José Mourinho side has conceded 6+ goals in a single game for the first time ever, in what is the 1008th match of his managerial career. Shock.
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) October 21, 2021
#UECL #BodoGlimtRoma
Се работи за далеку пониско рангиран противник и натпревар од Конференциска лига, кој очигледно Мурињо го потцени и се изрезили.
А за понижувањето да биде уште поголемо, се погрижи статистиката. Погледнете ја листата на екипи кои примиле 6 гола на гостување во Норвешка.
La #Roma entra nel ristretto club delle squadre che hanno preso 6 gol in Norvegia, un club composto anche da Fran Reykjavik, Olimpija Riga, Kauno Zalgiris, Domzale, Helsingborg, Runavik, Santos Tartu, Ventspils, Ekranas Panevezys, Grevenmacher e Carmarthen Town.
— Giuseppe Pastore (@gippu1) October 21, 2021
Инаку на полувреме Рома губеше 2:1, а Жозе направи три измени наеднаш и во игра ги стави Кристанте, Шомуродов и Михтаријан. Потоа во 60-та на 3:1 ги внесе и Пелегрини и Абрахам. Но по сите пет извршени измени прими уште 3 комада и тоа за 9 минути.
Навивачите и збеснаа и смрзнаа на ладното гостување во Норвешка, а потоа имаа конфронтација со играчите, па дури и го одбија дресот на капитенот Пелегрини.
Срамот на Рома во 4 минути
Бодо е прв во група, а во следно коло на 4 ноември гостува во Рим.