Мурињо објави две фотографии на кои се гледа како и во двата случаи има играчи кои се влезени во шеснаесетник при изведување пенал, што не е дозволено.
Првата е од мечот Јуве - Рома кога пеналот за неговиот тим не бил повторен, а втората од синоќешниот меч меѓу Јувентус и Зенит, кога беше поновен ударот за Дубала.
„Едниот беше повторно изведен, а другиот не. Погодете кој“, напиша португалскиот стратег со што пушти нова провокација.