А ја видовте ли „крокодил тактиката“ на Интер?

Веќе некое време хит при изведување слободни фрлања е еден да лежи позади живиот ѕид, за да се покрие дупката која ќе се отвори откако ќе скокнат сите. Онаа што ја погоди еднаш и Тони Мицевски на Градски против Турција. Епа во Интер таа тактија знаат да ја користат и во игра.

Еуфоријата на Шериф Тираспол кој почна со две изненадувачки победи во Лига на шампиони, посебно сензационалната на Бернабеу, Интер им ја прекина со два триумфа по ред од по 3:1.

Отпорот во Молдавија синоќа го скрши Марсело Брозовиќ во 54 минута кој со школски лажњак мрдна двајца играчи, а потоа од 20 метри ја опали на право место.

Убавиот гол за малку ќе го упропастеше Николо Барела кој се снајде на комичен, ама успешен начин. Ја примени наречената „крокодил тактика“, инаку во спротивно ќе беше оној маалски муабет:

„Тргни се бе буљаш бе, кај си застана тука, нели гледаш дека шутирам?“

Епа порано немаше тоа

4 ноември 2021 - 10:23