Најжалниот дрес од Јужен Судан

Кога фудбалот станува единствена причина за радост, среќа, претстава дека си жив, присутен, дека постоиш.

Во Јужен Судан од мај месец годинава се случиле неколку страшни поплави при што биле погодени околу 620.000 жители во 8 од 10 провинции. Поплавите биле големи во мај, една година по крајот на крвавата граѓанска војна во земјата.

После тоа во Јужен Судан решил да отиде данскиот фотограф Јан Граруп кој видел разни нешта, но најсилен впечаток му оставила средбата со едно дете.

„Не е тајна дека јас сум голем љубител на фудбалот, имам омилени клубови практично во секоја земја во светот. Во Италија тоа е Милан, јас го обожавам Златан. Во време на моето скорешно патешествие преку Јужен Судан, сретнав многу деца кои исто сакаат фудбал, ама некаде не можат да играат поради поплавената земја.

Во едно село по име Канал на брегот на Нил сретнав едно посебно детенце во стар дрес на Милан. Дресот беше износен, он сам неколку пати го шиел. Позборувавме и се договорив со него да му купам нов дрес а стариот да го земам со мене дома... Он беше бескрајно среќен и сигурно мислеше што му е на овој луд бел дечко. Можно е... Но за мене неговиот дрес е олицетворение на преданост, верност, љубов, страдање. Сега дресот е тука, во Данска и јас ќе го урамам во рамки и ќе го ставам на аукција, со цел да ја поддржам важната работа на УНИЦЕФ за децата во Јужен Судан“, напишал данскиот фотограф Јан Граруп на своите социјални мрежи.

 Во четвртокот Јан напишал на својот Инстаграм профил дека и неговиот син ќе ги даде сите свои дресови од колекцијата за африканските деца:

„Не знам зошто Милан, Балотели, Ибрахимовиќ или данскиот играч во Милан Симон Кјер не реагираат на ова. Да ги продадеме дресовите на аукција за луѓето на кои не им е сеедно. Се за поддршка на УНИЦЕФ во Судан. Е, да и не кажав, син ми Елиас реши да ги пожртвува сите свои дресови (повеќе од двеста) за африканските машки и женски деца кои сакаат фудбал“.

5 ноември 2021 - 09:15