Offside

Македонија и Словенија вечерва по деветти пат ќе ги одмерат силите. Традицијата е на наша страна.

Најлош обид за паненка на сезоната

Во раната фаза од Купот на Полска синоќа Пјаст Гливице на свој терен изгуби на пенали 1-3 од Гурник Забже откако после 120 минути фудбал немало голови. Домашниот играч Јакуб Лабојко се обидел да биде Тоти од пенал па да проба со паненка да го матира голманот на гостите.

Златната топка има примено и еден гол

Знаете ли друг напаѓач кој ја има освоено Златната топка, а истовремено има еднаш и брането и примено гол од слободен удар? Се сеќавате ли на мечот од ЛЕ меѓу Тотенхем и Астерас Триполис одигран во 2014-та? Хари Кејн застана да брани во 87-мата минута, откако Иго Љорис доби директен црвен картон после три извршени измени на тимот. Ама ништо страшно, Кејн на тој меч постигна хет-трик, а Тотенхем славеше со 5:1.

Фудбалски балет - Нико Паз танцува со топка

Комо на Сеск Фабрегас откако со 4-1 го декласираше Манчестер Јунајтед, сега со пресврт убедливо го победи и Торино на гости 1-3. Нико Паз даде гол за 1-2 во 87' минута а имаше и некои сјајни потези. Покажа зошто вреди близу 100 милиони евра и зошто Реал жали што лесно се откажа од него.

Каква карта, братот од дома си гледа како Флитвуд го исфрла Арсенал

Флитвуд е четвртолигаш, во долниот дел од табелата, кој му приреди шок на Арсенал во Лига Купот. На малиов ептен му се погоди.

Не одат дома, ама на гости грмат - 10.000 тифози на Лацио во Сасуоло

Лацио е најголемото изненадување во фудбалска Европа. Со крпен состав, со тренер од калибарот на Џенаро Гатузо, со навивачи скарани со претседателот на клубот Лотито, Лацијалите играат неверојатно - имаат 8 победи и 1 нерешена на 9 средби во новата сезона од Серија А. Синоќа славеа 2-6 кај Сасуоло.

Лука Дончиќ пак здиве со 41 поен, но Лејкерс изгубија

Џа Морант и Дени Авдија постигнаа по 23 поени, а Дамјан Лилард беше јунакот на победата на Портланд Трејлблејзерс над ЛА Лакерс 136-129 затоа што уфрли 21 поен но и клучна тројка на 43 секунди пред крајот. Дончиќ блескаше но залудно.

Лацио подиве

Тимот на Џенаро Гатузо не застанува. Го победи Сасуоло 2:6 и тоа со два промашени пенали.

Атракција во Евролигата на новиот репрезентативец на Македонија

Македонскиот репрезентативец Ди-Џеј Стјуарт го има најатрактивното забивање во новата рунда од Евролигата. Американецот кој летово доби македонски пасош и веќе одигра еден натпревар за нашиот национален тим, ја заби душмански на дуелот за неговата Басконија против Реал Мадрид. Стјуарт постигна 13 поени со само едно промашување од игра. Кралевите беа подобри со 104:86.

Англискиот шампион се посрамоти, елиминиран е од четвртолигаш

Флитвуд Таун, клуб кој се натпреварува во четвртиот ранг на англискиот фудбал и каде котира на 18. позиција, го шокираше Арсенал во Лига купот.

Хари Кејн - дефиниција за истрајност

Мораше да чека до 31 година да го крене првиот трофеј во својата кариера. Никогаш не престана да работи. Никогаш не престана да верува. Никогаш не се откажа.

Правила се правила

Ова е аут. Џајлин Вилијамс и Ајзеа Хартенштајн од Оклахома Сити Тандер на дуелот против Феникс Санс.

Тотенхем со посвета за Златната топка: Наследство изградено во академијата на Спарси

Хари Кејн е прв стрелец во историјата на Тотенхем со 280 голови. Но, освен 13-те сезони во првиот тим, тој е и нивно дете кое пет години се калеше во академијата. Оттаму го направи најскапиот трансфер во историјата на Бундеслигата од 110 милиони евра.

Чуден кош во НБА, како ова успеа да влезе?

Кошаркарот на Феникс Санс, Дилон Брукс, го постигна еден од најнеобичните поени во кошарката. Во последната четвртина од мечот против Оклахома Сити Тандер, во борба за топка, Канаѓанецот ја тапна топката, а таа заврши во кош.

Кина ги прекинува сите врски и спонзорства со Реал Мадрид и Килијан Мбапе

Големи контроверзи во НР Кина предизвикало видео на кое се гледа како Килијан Мбапе одговара на брзи, кратки прашања. Го навредил таткото на кинеската нација и сега сите кинески спонзори поврзани со него ќе ги раскинуваат договорите со него и со Реал Мадрид.

Александар Волкановски како Александар Македонски

38-годишниот светски шампион во перо-лесна категорија во УФЦ сега во последно време го покажува и својот талент за „филмско платно“. Волкановски на 24-ти октомври го победи Мовсар Евлоев на главниот настан на УФЦ 333, а во меѓувреме снимил и неколку скеча, како реклама за австралискиот сајт Спортсбет.ком.ау.

Хаотично турско дерби со тепање, 10 жолти и 2 црвени картони

Галатасарај го доби Фенербахче со 2:1 во големото дерби во Истанбул. Виктор Осимен погоди два пати во прво, а Ирфан Џан Кахвечи даде гол со ножички во второ. Натпреварот заврши со масовна тепачка веднаш по последниот свиреж. Ја почнаа Керем Актуркоглу кој претходно играше за Галатасарај, и фудбалерот на Галатасарај, Роланд Салаи. 

Стеф Кари се врати со 100% прецизност и го победи Денвер на Јокиќ

Најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА лигата, Стеф Кари одигра фантастична партија против Денвер Нагетс каде неговиот Голден Стејт Вориорс забележа убедлива победа 134:120. Кари постигна 24 поени, имаше 3 скока и две асистенции. Шутираше совршено со 8/8 од игра (3/3 за три поени), 5/5 од слободни фрлања. Покрај него одлична вечер имаше и Јаксел Лендеборг со 31 поен, 12 скока и 6 асистенции.

Ѕверско постер забивање на Јанис

Мајами Хит загуби од Далас 109:113 и влезе во лоша серија од 0-4 на стартот од новата НБА сезона. Одиме со најатрактивниот потег на вечерта, дело на Јанис Адетокумбо кој го заврши мечот со трипл дабл. Се чудеа неговите соиграчи.

Роналдо повикан во репрезентација на Португалија

Голема врева се крена околу статусот на Кристијано Роналдо во репрезентацијата на Португалија а изгледа залудно. Селекторот на Португалија Жорже Жезус сега ја спушти топката.

Шпанија доминантна, Јамин Ламал по трет пат е најдобар млад играч

Јубилејното 70-то издание на церемонијата за Златната топка 2026, кое годинава се одржа во култниот театар „Паладиум“ во Лондон, им донесе еден куп награди на Шпанците.

Хари на афтер парти

Не знаеме дали е ова во МНТ, Колосеум или Метропол, ама битно Кејн продолжи во диско и ја крена чашката за живели. Или можеби во Хард Рок отишол после церемонијата на Златната топка.

Хари Кејн ја дочека Златната топка

Англискиот напаѓач и капитен на Баерн Минхен ја освои најпрестижната индивидуална фудбалска награда и стана прв Англичанец со ова признание по пауза од 25 години. Последен беше Мајкл Овен во 2001-ва.

Ќе види ли бербер навивачов на Манчестер?

Френк Илет упорно го тера предизвикот наречен „Не се шишам додека Манчестер Јунајтед не врзе 5 победи по ред“. Две години му трае сагата или 750 дена. Манчестер Јунајтед нема победа на последните 8 натпревари. Ќе биде.

Најопасната трка некогаш возена во Формула 1 - на силен дожд полн гас

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.