Шпанија доминантна, Јамин Ламал по трет пат е најдобар млад играч

Јубилејното 70-то издание на церемонијата за Златната топка 2026, кое годинава се одржа во култниот театар „Паладиум“ во Лондон, им донесе еден куп награди на Шпанците.

Foto: EPA

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, третпат по ред е добитник на признанието за најдобар млад фудбалер на годината, откако претходно триумфираше во 2024 и 2025 година.

Со ова достигнување, Шпанецот го потврдува статусот на еден од најголемите фудбалски таленти на денешницата станувајќи првиот фудбалер со хет-трик, награда која ја доделува Франс Фудбал за најдобриот играч во светот до 21 година.

НАГРАДИ ЗА ЖЕНИ

• Златна топка за фудбалерка на годината: Алексија Путелас (Барселона/Шпанија)

НАЈДОБРИ МЛАДИ ТАЛЕНТИ И ТРЕНЕРИ

• Трофеј Копа (Млад фудбалер на годината): Ламин Јамал (Барселона/Шпанија)
• Млада фудбалерка на годината: Вики Лопез (Барселона/Шпанија)
• Машки тренер на годината: Луис де ла Фуенте (Шпанија)
• Женски тренер на годината: Пере Ромеу (Барселона)

НАЈДОБРИ ГОЛМАНИ И ГОЛГЕТЕРИ

• Трофеј Јашин (Голман на годината - Мажи): Унаи Симон (Атлетик Билбао/ Шпанија) 
• Женски голман на годината: Ката Кол (Барселона/Шпанија)
• Трофеј Герд Милер (Најдобар стрелец - Жени): Чарлин Корал (Пачука/Мексико) – 

ТИМСКИ И ХУМАНИТАРНИ ПРИЗНАНИЈА

• Машки клуб на годината: Пари Сен Жермен (Франција)
• Женски клуб на годината: Барселона (Шпанија)
• Награда Сократес (Хуманитарна работа): Букајо Сака (Арсенал/Англија)

Хари Кејн ја дочека Златната топка

27 октомври 2026 - 08:45