Таг: ламин јамал

Коментар на Зидан за второто полувреме на Јамал против Интер

„Кога ќе го видите како игра, како на пример во полуфиналето од ЛШ против Интер. Не сум видел такво нешто во мојот живот. Само гледајте го колку добро го владее својот занает на теренот. Прекрасно е да се гледа. Сите се забавувавме со него и затоа, од сите млади играчи, Ламин е оној што треба да се гледа“, вели Зидан, легендата која правеше уметност од фудбалот.

Јамал како од шала ги реди мајсторскиве голови

Сезоната за Барселона е завршена, титулата е заверена, па резултатски ништо не им менува поразот дома од Виљареал со 2:3. Како и да е, Ламин продолжува да се забавува. Овие голчишта со продор од лево, веќе почнаа да стануваат негов белег. Пазете го податоков. Тој е прв играч сезонава во топ 5 лигите во Европа со 150 дриблинзи.

Приказна за фудбалскиот пат на чудото Ламин Јамал - баба Фатима и двајцата мудреци

Ламин Јамал е најголема фудбалска ѕвезда во моментов, двократен шампион на Шпанија, европски првак со репрезентацијата на Шпанија и освојувач на шпанскиот Куп. Има само 18 години. Што е познато за неговото семејство?

Лапорта одлепи во соблекувална, а Јамал и Гави не можеа дома да си одат

Општо лудило и внатре и надвор од стадион. Првиот човек на Барселона слави во соблекувална како ултрас, а надвор настана тотална блокада пред колите на играчите. Јамал и Араухо од кров им се појавија на навивачите.

Величествен крај на Барселона со спектакуларен гол на Јамал вреден шампионска титула

Не можеше поубаво и поатрактивно да заврши прекрасната приказна за сезоната 2024/2025 наречена Барселона, која на Европа му пружи извонреден фудбал. Титулата број 28 и официјално е заверена. Тројна круна за Флик.

Анри и Јамал си разменија дресови после Ел Класико

Едниот пензионирана легенда, другиот легенда во доаѓање. 30 години се разлика. Средбата се случи после дербито Барселона - Реал од кое снимка ако начекаме, пак би го гледале цело.

Што е со пасов дете?

Барселона има предност од 4:2 по 45 минути игра, ненормален и до сега невиден резултат на Ел Класико после едно одиграно полувреме. Можеа да бидат и повеќе, ако Рафиња не промашеше зицер со глава. Погледнете каква топка му сервираше Јамал. Не е нормален малиот.

Не се воодушевуваат сите од Јамал

И многу поткасти и мислења не се на арно. Ја чувте ли вие приказната за „битангата“ Јамал?

Две минутна компилација со Јамал од двобојот со Интер

Детево демонстрира врвна класа на големи натпревари и на големи натпреварувања, а има само 17 години. Неизбежна е споредбата со Меси. Нешто најблиску до него од сите таленти на европската сцена.

Јамал јак, арапскиот коментатор уште појак

Четири пати по ред го пуштивме и на глас се смеевме. Арапиве им даваат поинаков шмек на сите клипови по интернетов. А замислете со гол да завршеше акцијава?

Јамал им направи „Где је лопта“ на тројца

Со головите на Рафиња и Лопез постигнати за 7 минути, Барселона славеше 1:2 со пресврт на гостувањето против Ваљадолид. Тројца не можеа да му ја земат на Јамал. Ги поремети.

Меси, Роналдо и Јамал на 17 години

Веќе има освоено Ла Лига, Копа деј Реј, Супер Куп на Шпанија и плус Европско со репрезентација. Некако прерано е ова што му се случува на детево. Не паметиме со друг вака да било. Погледнете ја статистикава.

Јамал дробел уште на 12 години

И после ќе се чудиме за ова што го прави сега на 17. Во клип од 1 минута сè ќе ви стане јасно.

Триото на сезоната со 82 гола и 40 асистенции

Излезе статистика за тоа кое е најефикасно трио оваа сезона. Барселона 82, Баерн 65, Реал 64, бројки изразени во голови. Или подетално Левандовски 40 гола, Рафиња 28, Јамал 14. Внимавајте добро, Пољакот има 36 години, а игра страшна сезона. Во моментов брои 726 гола за клуб и репрезентација.

Клучни потези на клучни натпревари, тоа е Јамал

Ламин Јамал за годините, има преголем, па дури и неочекуван придонес во Барселона. Освен чувството за гол, погледнете го како ги рани соиграчите со топки, токму во акциите кога паднаа два гола.

Лудница пас, прием и дриблинг на Јамал

Нешто најблиску до Меси во моментов според стилот, техниката и потезите на терен, дефинитивно е Ламин Јамал. Барселона синоќа ја совлада Осасуна со головите на Торес, Олмо и Левандовски, а ние одиме со најдоброто од 17 годишникот. Од каде да почнеме?

Што е со велеслаломов на Јамал, пола тим не можеа да го стигнат?

Барселона го совлада Алавес со 1:0 со голот на Левандовски. Погледнете го дриблингов на Ламин Јамал - Меси. Да потсетиме, 17 години има.

Ново маестрално додавање на Јамал

Ламин Јамал не беше меѓу стрелците против Борусија Дортмунд, но повторно беше број 1 на теренот и го доби признанието за играч на натпревар. Кога е тој е на терен, Барса победува. Нова асистенција и нов мајсторски пас со фелш.

Атракција на 19 годишник во 94 минута за реми против Барса, Јамал пак правеше лудории

Фудбалерите на Бетис се изборија за 2:2 против Барселона, која со головите на Левандовски и Торес, на два пати беше во водство. 19 годишниот Асане Диао ќе ја памети оваа ноќ, бидејќи деби голот во Ла Лига го постигна во 94-та минута против големиот фаворит и тоа со пета. Ламин Јамал повторно се истакна со интелигентна асистенција, а него издвојуваме и еден слалом.

Трите асистенции на Јамал сезонава се со Л2

На 17 години обично никој не игра вака фудбал, посебно не во сениорска конкуренција и тоа на натпреварувања како Ла Лига и ЛШ. Ламин веќе има 6 гола и 9 асистенции. Три му се идентични, со веќе може да кажеме неговиот препознатлив фелш кој му лежи како НБА на Јокиќ.

Два вонсериски пасови на Јамал во рок од 5 минути

По серијата од три меча без победа во Ла Лига, Барселона и се истури на Мајорка со 1:5. Ламин Јамал не даде гол, ама намести еден на маестрален начин, а после 5 минути блесна со ист таков ненормално јак фелш. 17 годишната сензација сезонава има девет асистенции. Никој не додава како него.

Интересна компарација меѓу Меси и Јамал на 17 години

Споредбата покажува дека Јамал е две сезони во предност и веќе има 83 настапи, 16 гола, 26 асистенции и 2 трофеи, што е реткост. Тоа е затоа што дебитираше на 15 години, а Меси на 17. Но во студиото на СиБиСи не сакаат никого да споредуваат со најдобриот.

Топките кои ги дели Јамал во напад се пола гол

Барселона сезонава дава лесно голови, по 3, 4, 5 на еден натпревар. По колку ли би давала ако ги претвораа го гол и овие страшни пасови на Ламин Јамал кои им дава топки на тацна? Ова е само од синоќешното гостување против Ѕвезда.

Перформансот на Јамал против Баерн заслужува внимание

Ламин Јамал не постигна гол синоќа, ама ја има најјаката асистенција на колото, прогласена од УЕФА. Малиот одигра нова фантастична партија, предобра за свои години против еден таков сериозен противник.