Ламин Јамал постигна два гола против Рајо Ваљекано во 3. коло од Лига, за убедлива победа на Барса од 5:2 и стигна до голем подвиг, кој не му успеал на никого.
19-годишниот крилен напаѓач го постигна својот 50. гол во дресот на каталонскиот клуб, со што стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона на кого му успеало тоа.
50 гола на сите натпреварувања во неговата четврта сезона, која штотуку ја започнаили: 31 во Ла Лига, 11 во Лигата на шампионите, 5 во Купот и 3 во Суперкупот на Шпанија.

Досегашниот рекорд го држеше Килијан Мбапе, кој својот 50. гол го постигна на возраст од 19 години и 241 ден. Халанд до истата бројка стигна на 20 години, а Меси на 21.
И не само тоа. Јамал со 19 години и 49 дена стана најмладиот фудбалер во топ 5 европските лиги кој успеал да стигне до 50 голови.
Колку е млад, а толку многу има остварено. Да не ги заборавиме трите титули шампион на Шпанија, како и европската и светска со репрезентација.