Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.
Покрај најдобрите играчи, тренери, голови на годината која измина, вредно е да се споменат и најдобрите голмански интервенции. Нојер, Де Хеа, Куртоа, Менди, Донарума, Лори, Муслера и други.
Најдобриот тенисер во светот ја признава грешката што позитивен на Ковид дал интервју за француски Л`екип и објасни кај била утката при влез во Австралија.
После арапски, руски и американски бизнисмени, во англиската Премиер лига последни влегуваат еден чешки гигант од Брно и еден српски милијардер од Крагјуевац.
Сакан но и омразен ширум светот. Магнет за критичари а истовремено врвен техничар и волшебник со топката кој со еден потег може да реши натпревар. Нетфликс сними документарец за него насловен „Нејмар, совршениот хаос“. Вреди да се погледне.
Африканскиот Куп на нации уште во прво коло донесе сензационален резултат. Ѕвездата Марез остана во сенка, а херој е анонимен голман од Сиера Леоне кој бранеше како лудак. За национален херој го прогласија и тоа за нерешен резултат.
Идолот на многу генерации Јапонци е спремен да ја почне неговата 37-ма сезона по ред. Ќе игра на 54 години во тим каде тренер е неговиот брат во четврта лига.
Алжир игра против Сиера Леоне во рамките на Купот на Африкански нации, а мечот се игра во Камерун. Кога од автобус излезе ѕвездата на Манчестер Сити настана делириум.
Презентерското дуо на австралиската телевизија Канал 7, изгледа подзаборавиле дека камерата може да снима и кога се местат за вести. Па сега им преостанува она „Ама не, ние не мислевме така“. Резил.
Верувале или не Јувентус и Интер ќе се сретнат по 217. пат меѓусебе во историјата, но само втор пат ќе се борат за вредниот пехар во Суперкупот. Верон го одблежи нивниот прв натпревар за овој трофеј.
Новинарот Адриан Арчули на својот Твитер профил објави видео од првиот тренинг на најдобриот светски тенисер со неговиот тренер Горан Иванишевиќ. Во еден момент Ѓоковиќ откако удира форхенд самиот на себе си вика: „Ајде, бре, Новаче, како да победам овде...“
Во досегашниот тек од зимскиот преоден рок најголемо изненадување и најбомбастичен договор е меѓу европскиот шампион Лоренцо Инсиње и клубот Торонто кој игра во американската МЛС. Тифозите на Наполи жалат што нивниот капитен на лето ќе си оди од клубот, но останатите ја правдаат неговата одлука со енормно богатиот договор кој ќе го добие.
Ако некои ножички уште долго ќе ни останат во сеќавање, тоа сигурно се оние на Роналдо против Јуве во ЛШ. Ги реализираше без никакво смирување или местење, туку како проектил на прва. Вака нешто, како во израелската втора лига. Многу јако изведено.
Репортерката која од близу го следи ЛА Клиперс и важи за одличен инсајдер кога оваа франшиза е во прашање, после мечот кој Клиперси го добија против Атланта 106:93 правеше мини интервју со Амир Кофи и наеднаш страшно се лизна и падна на паркетот. За среќа поминала добро.
Во неделата Милан без голем напор ја совлада Венеција со 0:3. Првиот гол уште во 3’ минута го постигна Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот со босанско потекло на тој начин ја продолжи уникатната серија - дава најмалку по гол цели 24 години по ред.
На стадионот Пјерлуиџи Пенцо има опција да се стигне со брод. Навивачи на Милан се решија за таква авантура, ама наидоа на домаќините, па настана необичен судир зачинет со пиротехничко шоу. Инаку Венеција - Милан заврши 0:3.
Бразилецот Хозе Рожерио де Оливеира Мело му покажа на Ибрахимовиќ дека и тој може да си ја намести од далеку како него и да го изведе најатрактивниот потег во фудбалот. Се работи за мечот Пумас - Толука во мексиканското првенство. Уживајте.
Македонската ракометна репрезентација во четврток ги стартува настапите на ЕП 2022 кое се игра во Унгарија и Словачка. Но во очи на првенството се соочува со проблеми.
Случајот на Новак Ѓоковиќ кој веќе неколку дена е главна тема во сите светски медиуми фрла светло на бегалците кои се исто затворени во имиграцискиот центар со години. Се огласи еден Иранец кој побара од Новак да зборува јавно за нив.
Хари Мегваер е приказна за себе. Во август 2019-та година Манчестер Јунајтед за него плати 80 милиони фунти со што стана најскапо платениот стопер на сите времиња. Мегваер стана капитен на Јунајтед и репрезентативец на Англија, ама со тек на време стекна репутација на најбосиот дефанзивец во англискиот фудбал. Со право навивачите го сметаат за еден од најголемите кривци за бледите резултати на Манчестер.
Убавината на Мундијалите е што се играат на четири години, па затоа навивачите со нетрпение го очекуваат секое следно Светско првенство. Обидите на ФИФА да го направи на две години не наидоа на добар одјек во јавноста, но светската куќа на фудбалот не се откажува од намерата дополнително да го претовари фудбалскиот календар. Еве зошто го уживаме секое Светско на кое се надеваме дека годинава ќе игра и нашата Македонија.