Тивкиот јунак Стив Кер кој собра една третина од НБА титулите во последниве 27 години

Ако прашате фанатик по НБА од 90-те, кои беа главни џокери на Чикаго, сигурно ќе ви набројат двајца, Тони Кукоч и Стив Кер. Препознатливата 25-ка беше незгоден тројкаш и роден шампион и тоа во две улоги.

Како што тргнал, наскоро овој човек повеќе нема да има место на рацете каде да ги реди прстените. Има само уште едно слободно место.

Внимавајте прво на овој податок: Стив Кер има повеќе НБА титули од сите екипи, освен неприкосновените Лејкерси и Селтис. А и на овој: Пет Рајли, Бил Расел и Фил Џексон се единствените живи луѓе на планетава кои имаат повеќе НБА прстени од него.

Кер синоќа стигна до вкупна бројка од девет од кои пет како играч и четири како тренер, што е импресивен успех. Број 1 по овој параметар е Фил Џексон кој освои вкупно 13 од кои 11 како тренер и два како играч.

Шампиионската низа на Кер, кој беше драфтуван од Феникс во 1988-ма, почна за време на златната ера во Чикаго Булс, каде токму со легендарниот Џексон на клупата и предводникот Мајкл Џордан, три години по ред (1996, 1997, 1998) не го даваа тронот.
 
Во втората финална серија тој ги постигна клучните поени за победа во натпреварот број 6 против Јута Џез. 

По низата со Булси, стана единствен НБА играч кој по 1969-та година се радувал на четири титули по ред. Четвртата пристигна во 1999-та со Сан Антонио Спарс, кога Дејвид Робинсон и Тим Данкан беа крунисани за прв пат.

Кер го напушти Сан Антоио во 2001-ва, но се врати во 2003-та и се пензионираше со петта титула во играчката кариера.

Го имаше највисокиот процент (45,4) на реализација од три поени, а го држеше и рекордот на тројки со највисок процент во една сезона од 52,4%, кој во 2010-та му го собори Кајл Корвер.

Во 2014-та почна со новиот предизвик како тренер и растури и тоа со титула уште во деби сезоната. Под негово водство, Голден Стејт влезе во најуспешната фаза од својата историја, дотигнувајќи шест НБА финалиња од кои освои четири.

Кер со популарните Воини во 2015/2016 оствари неверојатни 73 победи, а со тоа го урна рекордот токму на Чикаго Булс, каде го имаше како играч во сезоната 1995/1996.

Статистичарите му пресметаа дека во последните 27 години освоил 33% од вкупниот број на НБА титули.

И уште ова: 

17 јуни 2022 - 14:32