Видеото како двојникот на Клеј Томпсон си шутира сред сала пред големо финале

Човекот кој наликува на големата суперѕвезда и повеќекратен НБА шампион Клеј Томпсон, „мртов-ладен“ си се ушуњал во „Чејс центар“ арената во Сан Франциско каде после некое време се играше 5. меч од големото финале меѓу Голден Стејт и Бостон Селтикс кој воините го добија за 3-2. Некои од вработените дури и му викаат: „Ја имаме утакмицава Клеј“.

Ликот доби доживотна суспензија од Голден Стејт за каков било пристап до салата и забрана за гледање нивни натпревари. Он вика дека вредело.

 

16 јуни 2022 - 15:42