Садио Мане играше во кал во своето родно село: „Не ми треба жена која виси по социјални мрежи“

Најголемата ѕвезда на Ливерпул и најсакан африкански фудбалер, Садио Мане одигра фудбал во своето родно село Бамбали. Играше на игралиште по дожд и кал, но тоа не му сметаше да ги израдува неговите соселани.

Садио Мане организирал ревијален меч со многу ѕвезди од цела Африка кои дошле во неговото родно село во Сенегал: Папис Сисе, Ел Хаџи Диуф, Мбаје Диане и многу други кои пристигнале да одиграат партија фудбал за да ги поддржат жителите на село Бамбали.

„Враќање на изворите со гала-меч на теренот во Бамбали каде сè започна“, напишал Мане.

Фудбалерот кој со Ливерпул освои Премиер лига, Лига на шампиони, ФА Куп и Лига Куп, познат е по својата голема скромност и хуманост. Редовно ги помага селаните од својот роден крај. 

Во селото Бамбали, Садио Мане:

- Изградил школо за децата во вредност од 270.000 евра
- Изградил болница во вредност од 530.000 евра
- Ја реновирал локалната џамија и минарет каде работи татко му како оџа
- Го снабдувал селото со 4Г мрежа благодарение на соработката со компанијата orange.
- За пет-шест месеци планира на местото каде играле на калливиот терен да изгради фудбалски терен со најсовремена опрема.
- Во средата играл фудбал во селото на дожд и кал.

Во дворот на домот на семејството на Мане во Бамбали (неговите и покрај силните милиони на Садио не сакале да се преселат во Ливерпул и останале во Сенегал). Во дворот во нивниот дом има бунар каде сите жители можат слободно да пијат вода од која во Африка секогаш има недостиг.

Садио Мане секоја година по два-три пати се враќа во својот роден крај и им посветува многу време и средства на сите мештани. 

Додека давал изјава на локалните новинари кои го прашале зошто уште нема девојка и не го виделе со партнерка, тој одговорил:

„Многу девојки ми пишуваат и ме прашуваат зошто не се женам, но извинете, вие веројатно си го трошите времето залудно. Жената со која ќе се оженам, нема да седи на социјални мрежи. Сакам да се оженам со онаа која го уважува Бога и молитвата“, рекол 30-годишниот фудбалер на Ливерпул кого го чека трансфер во Баерн Минхен летово.

17 јуни 2022 - 09:57