Концентрацијата на суперѕвезди на терен ги урнала сите рекорди: Винисиус од Реал, Трезеге, Валдерама, Заморано, Карлос Тевез, Пол Погба, Ривалдо, Видал, Фалкао, Алдаир, Диего Лугано, Едер Милитао, Рене Игита, Матуиди, Патрик Клајверт, Дибала, Кафу и многу многу други.
The stars are out at Ronaldinho and Roberto Carlos’ “The Beautiful Game exhibition match 🔥 pic.twitter.com/ibCHxxiHcw
— ESPN FC (@ESPNFC) June 18, 2022
Во текот на целиот натпревар имало многу интересни моменти а најблескав беше оној во 7-ма минута од дуелот кога Роналдињо го отворил резултатот со свој препознатлив потег од место.
Наскоро Фалкао го израмнил резултатот а после се потуриле од голови што е и препознатлив белег на ваквите ревијални шоу натпревари. Погодоци дале и Ривалдо, Кафу, Дибала и Винисиус кој играл и за двете екипи по едно полувреме.
На полувреме резултатот бил 8:5 за тимот на Карлос кој на крај победил 12:10.
Легендарниот Роналдињо откако се качи на врвот на светската слава, беше најпознат и најдобар играч на светот во еден момент, по завршување на кариерата имаше неколку проблеми во приватниот живот а заврши дури и во притвор во Парагвај поради наводно лажирани документи.
Роналдињо во таа 2020-та беше дури 32 дена во притвор по што казната му ја преиначија во домашен притвор и морал да плати 1,6 милиони евра како гаранција.
Во февруари 2021-та починала мајка му, 71-годишната Мигелина Елои дос Сантос.
Бразилецот веќе неколку месеци организира турнири во мобилни игри, создал и сервер за видеоиграта GTA5 и постојано дава интервјуа. Неодамна признал дека во новата сезона ќе навива за Ливерпул зошто му се допаѓал нападот на Клоп.
„Фудбалот е дел од мојот живот. Така ќе биде засекогаш. Јас поминав низ сето тоа, но сега уживам и во животот. Не можам да се замислам себеси како тренер. Никогаш посебно не сум гледал фудбал. Сакам да изгледам хајлајт но не 90 минути натпревар. Играм во натпревари за ветерани. Повеќе не ми треба ништо“, признал Рони во август 2021-ва.