Немања Бјелица со НБА прстен, Клеј Томпсон: „Одиме за Белград, Бели“

По страшно напорната сезона со безброј натпревари, кошаркарите на Голден Стејт конечно можат да здивнат и со прослава на нова шампионска титула да го исфрлат целиот психолошки товар кој го носеа сезонава. Заслужено се на врвот иако беа четврти фаворит за титулата пред сезоната.

Стеф Кари, Дрејмонд Грин, Андре Игудала и Клеј Томпсон по четврти пат во кариерата освоија шампионска титула, а Томпсон оваа ја прослави можеби најеуфорично од сите други.

Омилен лик во екипата е и српскиот репрезентативец и поранешен кошаркар на Црвена Звезда и Фенербахче, Немања Бјелица кој се закити со шампионска титула во НБА.

„Ништо не е како финале! Ништо! Еден, два, три, четири прстени на мојата банкарска сметка! Бели пријателе, што ќе кажеш? Одиме во Белград“, му се обрати неверојатниот Клеј Томпсон на Немања Бјелица:

Белграѓанецот стана четврт српски кошаркар кој освоил шампионски прстен во НБА. Прв на кој тоа му успеа беше Дарко Миличиќ во сезоната 2003/2004 со Детроит Пистонс кога го урнаа големиот ЛА Лејкерс.

Предраг Пеѓа Стојаковиќ во сезоната 2010/2011 се качи на тронот и стана шампион со Далас Маверикс а Огњен Кузмиќ во 2015-та се закити со шампионски медал откако славеше титула со Голден Стејт Вориорс. Со истата франшиза сега слави и Немања Бјелица кој најверојатно ќе се појави на Европското првенство во септември во репрезентцијата на Србија.

Голден Стејт го збриша Бостон и се врати на тронот во НБА

17 јуни 2022 - 09:58