Една од најконтроверзните балкански фигури во фудбалот веќе четири години е во бегство во Мостар, откако доби шест и пол години затвор за малверзации со трансфери.
Повод за неговото обраќање е последната жалба која не му поминала на суд, а инаку поднесе тужба и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур за повреда на правото за правично судење, пресумпција на невисност и незаконско одземање на имот од неговата сопруга.
Ако сакате да ги слушнете неговите дрски напади кон судот, државата и целиот систем, клик на видеото најдоле. Инаку имаме и извадоци.
„Долго време не сме се виделе. Сакав да си дозволам мир и живот и морам да кажам дека за малку ќе успеев. Би сакал да им се заблагодарам на најгостопримливите луѓе во светот, Босанците и Херцеговците. Тука сум веќе неколку години, а како стојат работите тука и ќе умрам“.
„Ова мое обраќање е до судиите на Уставен суд, на чело со оној ректален алпинист со дијаболички изглед, она ѓубре, а тоа е претседателот на уставен суд Шепаровиќ. Им се обраќам на сите нивни судии кои носат срамни одлуки, кои се кријат зад тоа, кои секој ден носат дискриминирачки одлуки, кои луѓето ги купуваат. Тоа е суд кој е продаден, суд кој ги продава уставните тужби, правдата и правото на здрав разум“.
„Епа нема да можете банди криминални. Истото важи и за Врховниот суд на Република Хрватска и за судот во Осијек. Докажаа дека се криминалци. Таму е и Државниот судски совет. Учествуваат во најголемите зла во Хрватска. Тоа се иста банда кои со години ја уништуваат иднината на Хрватска. Тоа се пијаници кои ме рекетираат и уценуваат. Сите служби го знаат тоа, но власта сака корумпирани луѓе на функции за да може да ги управува и уценува. Еден поштен човек не може да најдете на ниту една важна функција“.
„Да им кажам нешто на судиите. Им се обраќам на судот во Осијек, врховниот суд на Хрватска и уставниот суд. Ви сте најголема колера и полоши сте од земјотрес, корона, свински и од птичји грип. Нема иднина за хрватскиот народ ако не ви дојде крајот. Вие не сте тело на правдата и законите, туку тело за неправда и зло. Ми намонтиравте случај, ѓубриња едни, а тука седи најпоштениот човек“.
„Да ви ебам мајката таму на сите во правосудство, не до прво, туку до седмо колено. Исперете си ја со бензин вашата валкана уста кога го изговарате презимето Мамиќ. На никој во живот не сме му направиле лошо, никогаш не сме добиле опомена за ништо. За сметки, погрешно паркирање, сè сме плаќале во секунда. Од една чесна хрватска фамилија направивте најголем прогон во модерна Хрватска.“
„Срам да ви е гадови едни кои се криете зад своите функции кои сте ги добиле политички, бидејќи сигурно со памет и способност не сте ги заслужиле. Клошари едни, кога ме видовте се однесувавте со мене како да сум Бог. Сакавте да ме допрете и да бидете во мое друштво ѓубриња едни. Јас сум чесен човек, бадно една. Вие ли мене ќе ми судите бе, маме би ебам корумпирано, безобразно и лоповско“.
„Луѓето знаат, а и врапчињата знаат, дека мене ме сакаат. 85% од луѓето во Хрватска ме сакаат, а тука во БиХ ме сакаат 100%. Тоа е мојата сила и мојата смисла во животот. Затоа сум јас неуништлив, ја осеќам нивната љубов. Но народот е обезглавен и нема ни сила ни храброст да се буни и да се противи“.
„Сигурен сум дека мојата правна ситуација тешко си ја отежнав, но она што не можат никогаш да ми го земат е ќеифот“.
Ги спомна Модриќ, Брозовиќ и Ковачиќ:
„Модриќ нема сила да свика прес и да каже: `Бандо една, како можете да му го правите ова. Јас сум сведок сум дека Мамиќ ништо не украл. Здравко Мамиќ се грижи за мојата кариера од мојата 14-та година`. Го зедов Ловрен кога неговите родители беа бегалци во Карловац. Ги зедов нивните деца. Тоа се оние 14-те на Мамиќ кои играа во Русија на СП. Јас ги селектирав и ги доведов во Динамо. Знаете кој ги донесе Модриќ, Брозовиќ и Ковачиќ? Јас. Тројцата најдобри играчи од среден ред во светот и никој од нив не се осмелува да каже ниту еден убав збор за мене затоа што знаат дека ќе бидат згазени. Знам дека оние ме сакаат и ме ценат, но се плашат да кажат“.