Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.
ПСЖ одигра 1:1 на гостувањето против Лион, кој сезонава игра слабо и е 11-ти. Но Парижаните се комотни на врвот со +11 пред Ница и Марсеј. Ама комотен со топка синоќа беше и Пакета кој даде гол и си поигра со Марко Верати.
Освои 20 гренд слем титули, колку Надал и Федерер, држи еден куп рекорди, го сакаат милиони обожаватели, стекна светска слава, ама се добива впечаток како на некој да му смета.
Стотици поддржувачи на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ неколку часа стоеле пред канцеларијата на неговите адвокати од каде пред неколку минути тенисерот излегол со кола. Во еден момент настанал метеж а полицијата со солзавец ги растерувала присутните.
Минатата недела во НБА ја одбележаа неколку враќања на паркетот, прво на мечот Индијана - Бруклин камбек имаа Ленс Стивенсон и Кајри Ирвинг. Првиот после неколку годишно отсуство на домашниот паркет во матичниот клб, а вториот после отстранување во врска со одбивање да се вакцинира.
Ксенија Павловиќ МекАтир, новинарка кореспондент од Белата Куќа во САД на својот Твитер профил објави дека разговарала телефонски со татко му на Новак, Срѓан Ѓоковиќ и дека тој ѝ кажал дека тенискиот ас е уапсен.
Виљареал и Атлетико Мадрид одиграа 2:2 во 20. коло од Ла Лига, а мечот го отвори Анхел Кореа кој во 10 минута од средбата му кажа на голманот на домаќините, дека треба да стои каде што му е местото.
Мемфис Гризлис ја забележа и 28-та победа во регуларниот дел од сезоната, откако синоќа со 127-119 го совладаа ЛА Лејкерс. Леброн уфрли 35 поени со 9 скока и 7 асистенции, ама сите ги засени неверојатниот Џа Морант (22) кој игра лудачка сезона. Против Лејкерс уфрли 16 поени, 5 скока и 7 асистенции а имаше и една блокада каква што ретко се гледа.
Балканците кои живеат во Австралија, непрекинато му даваат поддршка на српскиот тениски ас. Меѓу нив има и Македонци, а на репортоарот имаше и македонска песна. Ептен веселата ја направија.
После пет месечна пауза 34-годишниот Арда Туран им се врати на терените. На мечот на неговиот Галатасарај со Ѓиресунспор (0:1), некогашната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Барселона влезе во игра во 62’ минута и ги запрепасти гледачите, коментаторите и сите присутни со својата тежина.
Федералниот суд во Мелбурн донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен, откако судијата Ентони Кели утврди дека по пристигнувањево во Австралија, визата неосновано му била укината.
Фудбалерите на Наполи ја задржаа третата позиција во Серија А откако со 1:0 славеа дома против Сампдорија. 90 минути за Елмас. Атракција на Петања во стилот на Ибрахимовиќ.
Најдобриот тенисер во светот е четврти ден во миграцискиот хотел во Мелбурн. До вторник се очекува да се знае дали ќе биде дел од турнирот на кој е рекордер со 9 гренд слем титули.
Фудбалерите на Леванте се изнамачија сезонава и дури во 20. коло успеаа да стигнат до првиот триумф во шпанскиот шампионат. Барди не постигна гол, ама направи маестрална акција по која следуваше маестрална асистенција.
Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога против Свиндон во ФА Купот, кој го совлада на гости со 1:4. Мајсторијата на мечот ја има Илкај Гундоган кој покажа дека џабе е и стоење и лежење на жив ѕид.
Тргна храбро во дуел со двајца, ги изеде и потоа издрибла сè што му застана на патот. Најдобриот гол во Бундеслигата за 2021-ва е прогласен оној на Герит Холтман на дуелот Бохум - Мајнц.
Австралиските власти го сместија Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, во хотел со 46 бегалци, а таму денеска е весело. Срби што живеат во Австралија се собраа да му дадат поддршка на свој празничен начин, а друга група на луѓе протестираа и бараа ослободување на мигрантите.
Серија А ја стартуваше 2022-ра со четири одложени натпревари поради многу позитивни од Ковид. Една од средбите која се игра е Сасуоло - Џенова, на која Андриј Шевченко се обидува да стигне до деби победа како тренер на Џенова. Резултатот го отворија гостите уште во 7 минута преку атракцијата на Матиа Дестро. Пандев е на клупа.
Сагата за Новак Ѓоковиќ почна синоќа и како што стојат работите ќе трае до поденелник, бидејќи најдобриот тенисер во светот до тогаш ќе биде во имиграциски хотел во Австралија, откако поднесе жалба за одбиената виза. Во меѓувреме се селиме во Белград.
По 12 години престој, Лоренцо Инсиње на лето го напушта Неапол и се сели во Торонто кој му спакува богат договор од пет сезони во кои ќе заработи 60 милиони евра. Да видиме какво е расположението за тоа што им доаѓа еден од најдобрите италијански напаѓачи во моментов.
Го донесоа како еден од најголемите таленти во Шпанија за кој на Севиља и платија 25 милиони евра плус Ерик Ламела. Тоа е Брајан Хил, роден 2001-ва. Погледнете го како игра еден на еден. Скроз го измести.
Италијанските медиуми потсетуваат на 5 јануари 1997-ма и дуелот Интер - Рома, на кој Јури Џоркаеф се надмина себе си на Сан Сиро. За ремек делото доби честитки и од судијата Чезари и тоа веднаш после голот. Неверојатна акробација.
Романскиот фудбал вади посебни приказни, уникатни, кои ги има само кај нив и никаде на друго место. 2022-ра ја почнаа со нова таква, поврзана со тренер кој се презива Наполи и кој доаѓа на местото на Василица.