Ќе има добар Евробаскет, настап најавија најголемите НБА ѕвезди од континентот

Едни од најдобрите тројца кошаркари во НБА, Никола Јокиќ, двократниот МВП на најсилната лига, Јанис Адетокумбо и фантастичниот Лука Дончиќ би требало да се појават на претстојното Европско првенство кое ќе се игра од 1 до 19 септември годинава.

Дури тројца од петте најдобри кошаркари на светот ќе играат за своите земји на Евробаскетот што со сигурност ќе значи дека овој турнир ќе биде еден од најинтересните кошаркарски настани годиниве.

Многу ретко низ историјата се случило троица Европјани во исто време да бидат апсолутно доминантни во НБА лигата, најсилна на светот.

Српскиот центар Никола Јокиќ неодамна втор пат по ред ја доби наградата МВП на сезоната за најдобар играч во НБА лигата. Јанис Андетокумбо кој има нигериски и грчки родител и е роден во Грција па игра за оваа селекција, исто така доби МВП награда пред неколку сезони. Сјајното трио го заокружува Лука Дончиќ, фантастичниот играч на Далас Маверикс кој го зголеми интересот кај публиката за НБА лигата.

На Европското првенство Дончиќ и Словенија ќе играат со Германија, Литванија, Франција, Унгарија и Босна и Херцеговина, Србија и Јокиќ ќе се сретнат со Чешка, Финска, Полска, Израел и Холандија во Прага а Грците ги чекаат средби со Италија, Хрватска, Украина, Велика Британија и Естонија.

Евро 2022 ќе се игра во четири земји, во Германија, во Чешка, во Италија и во Грузија. Домаќин на самата завршница ќе биде Берлин каде ќе се игра и за медалите.

15 јуни 2022 - 16:55