Offside

Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.

Кога на бек ќе му дадеш да изведува слободен, а тој знае само со пуна

А што ако играчот од жив ѕид не ја тргнеше главата на страна?

Рудигер vs Салах како Родман на времето со Мелоун

Главниот судија погоре, линискиот до него, никој ништо не суди, што значи можело со кошаркарски финти во фудбал. На крај успеа да го деконцентрира и не ни прими топка.

Ериксен: Не очекував да ми праќаат цвеќиња бидејќи пет минути бев мртов

Срцето на Данецот не му дозволува да се повлече од фудбал на 29 години. Вели дека не му е пречка да продолжи и сонува само за една работа. Настап на Мундијалот во Катар.

Најпотценетиот гол на годината е ремек дело на Марез

Ова да го направеше во дресот на Манчестер Сити, веројатно ќе лапаше награди. Вака за Алжир, во Африкански Куп на нации остана некако подзаборавен, а не влезе ниту во топ 3 во битката за Пушкаш наградата 2021. Тој што го чуваше од Зимбабве не можел да се смири од вртоглавици.

Што ќе значат за Македонија позитивните од Ковид кај Израел?

Вториот контролен натпревар меѓу Македонија и Израел е откажан, поради тројца позитивни случаи на Ковид 19 во редовите на Израелците. Кире Лазаров сега стравува од следните тестирања на 7 и 10 јануари, поради физичкиот контакт на македонските ракометари кои го имаа на понеделничкиот дуел со нив.

Кузмановски: Првиот тренер ме будеше во 6 сабајле за да тренирам во парк и на секое дрво да правам финта

„Морам да потенцирам дека ако не беше Лино Червар, јас немаше да се занимавам со спорт или да бидам ракометен професионалец. Тој ми беше тренер, но и втор татко“.

Навивачка со една порака спаси живот на тренер по хокеј

Брајан Хамилтон од Ванкувер Канакс живее втор живот благодарение на стручноста, внимателноста и добрината на една навивачка. Гестот и го наградија во голем стил.

За детска радост малку треба

Не му барам дрес, не му барам автограм, ниту го замарам да се сликаме. Сон Хјунг Мин му го направи денот на еден од најмладите фанови на Тотенхем. Толку само требаше.

Му ја бранам на Бруно и ги тепаме

Манчестер Јунајтед неуспешно ја стартуваше 2022-ра, со пораз дома од Вулверхемптон од 0:1 и сега е седми на 4 бода зад четвртата позиција. Мечот го реши Жоао Мутињо во 82-ра минута, а во последниот миг од средбата, трепера срцата на Олд Трафорд.

Радовишки навивач vs струмички судија, прекрасна средба

Едни велат дека зад убавиот репортоар на зборови стои Тони Дрога од Радовиш, други дека тоа е Марчело Липи задолжен за балкански пазар, а трети дека се работи за Роберто Баџо кој влегува во вербален дуел со судиската тројка.

Јокиќ се загрева, а за во позадина ечи „Зицер“ од Карлеуша

Ај што Балканци газат во НБА, него јакото е што турфо фолк им рокаат во сала. Пред дуелот меѓу Денвер и Далас, односно Јокиќ vs Дончиќ, на загревање одеше нумера од извесна Оља Карлеуша која се вика „Зицер“ и на која Никола држеше ритам со глава.

Пенал на пијано

Да водиш 5:0 и да пробуваш нешто ајде, ама ова глупирање се случи во пенал серија за тоа кој оди понатаму во Куп на Франција. Пациентот се вика Елиот Симое и треба да биде среќен што неговиот Нанси успеа да го мине Рен на пенали. Инаку ова е за ластици и греење клупа.

Асистенцијата на Дончиќ, хаотичната контра на Лејкерски и монструозното забивање на Смит

Од сите три, само тоа во средина не може по ниту еден параметар да влезе во топ 10 потези на колото во НБА лигата, бидејќи Вестбрук и Џејмс не знаеа кај тераат.

Ковачиќ е ова или Зидан?

Не бил само лудачкиот волеј празник за очи од страна на Хрватот на дербито против Ливерпул. Погледне го како ја залепи оваа тешка топка за смирување, а потоа и дуелот со Фабињо, кој е пишман што го нападна.

Воодушевувачки гест на Аспас за време на прослава за гол

Изненадувачки резултати во Шпанија во пост новогодишното коло. Хетафе го совлада Реал Мадрид, а третопласираниот Бетис загуби дома од Селта. Јаго Аспас го реши мечот, ама и покажа голема почит.

ЕХФ: Ќе ги однесе ли Кире Лазаров Македонците до слава како тренер – играч?

Европската куќа на ракометот ја анализираше македонската ракометна репрезентација и постави три прашања. Едно од нив се однесува на младите и нивниот потенцијал. Велат внимавајте особено на централниот бек Марко Мишевски и десното крило Ненад Костески.

Мангупска паненка во Франција со која го измести голманот

Французите на 2 јануари фатија да играат Куп натпревари. Брест го совлада Бордо со 3:0, а Роман Фавр немаше исаф за кичмата на голманот.

Индија може слободно да го затвори конкурсот за гол во 2022-ра

Наградата за гол на годината на момаков, да му ја врачи лично и персонално Жунињо. Бразилецот е синоним за изведување велемајсторски „сув лист“ удари, ама ова е нешто посебно. Како ли успеа толку високо да одлета топката и да падне во гол? Прегоре коментаторот.

Спектакуларната одбрана на Тер Штеген во 92-ра и ножичките на Де Јонг ала Роналдо

Со крпен состав и 16 отсутни фудбалери, Барселона освои многу важни 3 бода на гостувањето против Мајорка. Мечот го реши Лук де Јонг, а Марк Андре Тер Штеген во судиско реагираше како Арпад Штербик.

Проба да му ја земе на Кампацо од раце, ама го снема

Имаме нова забава со легендарниот кошаркар на Реал, Факундо Кампацо кој овој пат си поигруваше со играчите на Хјустон. Денвер славеше 124:111, а аргентинскиот плејмејкер постигна дабл дабл учинок од 24 поени и 12 асистенции. Погледнете го ова дробење.

Кој пукаше во Трезеге?

Изгледа во Англија и на 2 јануари се слави Нова година, судејќи според реакцијата на Трезеге од Астон Вила. Навивачите се едногласни дека ова е најлошата, најсрамната и најглупавата глума која ја виделе во Премиер лигата.

Ковачиќ мајсторе од утре ќе се гледаш на најавни шпици

Челси и Ливерпул приредија гол шоу на полувремето од новогодишното коло во Премиер лигата. Првите 45 минути завршија со резултат 2:2, а страшното голчиште на дербито постигна Матео Ковачиќ.

Дриблерот кој не успеал да се отрезни

Најјакиот дриблинг е овој и ниту еден друг, откако е измислен фудбалот како спорт. Еднаш го споделивме, ама моравме да го споделиме пак. Дајте му медал на човеков под итна постапка.