Грчки навивачи ги нападнаа Косоварите, исвиркана и химната

На стадионот Пантесалико во Волос, пред околу 16.000 навивачи Грција го победи Косово со 2-0 и како прва на табела пред време се пласираше во погорна дивизија за следното издание на Лига Нации. Околу стотина Косовари дошле да ја бодрат нивната селекција, а грчките навивачи ги нападнале пред почеток на мечот.

Пред почеток на мечот химната на Косоварите беше исвиркана од домашната публика во градот Волос:

Навивачи на локалните клубови ги нападнале Косоварите во гостинскиот сектор па реагирала специјалната полиција:

Што се однесува до мечот, Грција победи 2-0 со головите на Јоргос Џакомакис и Петрос Манталос. Грција после 4 кола има максимални 12 бода (4 победи, гол разлика 7:0) и како првопласирана ќе оди во доигрување за пласман на Европско првенство.

 

13 јуни 2022 - 08:51