Палермо се врати во Серија Б, навивачите направија луда атмосфера

Легендарниот клуб од петтиот најголем град во Италија конечно се враќа на голема врата. По големите падови и финансиски колапс низ годиниве, Палермо синоќа ја совлада Падова 1-0 на реваншот од плејофот и по триумфот со ист резултат на првиот меч, со вкупни 2-0 се пласираше во Серија Б.

Навивачите на Палермо се желни за добар фудбал зошто екипата со години дремеше во пониските лиги. Сега се на добар пат и целаат кон Серија А.

Сицилијанците сезоната ја завршија како третопласирани во група Ц од трите третолигашки дивизии. Палермо прво во баражот ја совлада Виртус Ентела со вкупен резултат 4-3 (1-2 триумф на гости, 2-2 дома). Потоа во баражот играа против ФералпиСало’ кого го совладаа со вкупен резултат 4-0, за на крај во големото финале на плејофот да бидат подобри од Падова во двомеч (2-0).

Голот од пенал Матео Луиџи Брунори за 1-0:

13 јуни 2022 - 08:27