Овации и песна од Тоше во чест на славниот Миркуловски за крај на една прекрасна кариера

2022-ра е година на збогувања со големи македонски ракометни имиња кои ќе ни останат во срце. По Кире Лазаров, последниот ракометен танц го одигра и популарниот Жути.

Миркуловски се прости од играњето ракомет во последното коло од германскиот шампионат во кое неговиот тим Вецлар славеше против Минден со 30:28.

За седумте минати сезони, бундеслигашот му приреди достојно испраќање со церемонија на која тој одржа говор и се обрати на германски и македонски јазик, а во салата ечеше песна од Тоше Проески.

„Ви благодарам што дојдовте, вие бевте дел од мојата кариера и сте заслужни што стигнав до ова ниво. Голема благодарност до Баге кој ме трпеше 20 години и ми беше најголема поддршка. Ви благодарам уште еднаш“, – рече Миркуловски.

На неговиот последен меч можеа да се забележат сопругата Благица со двете ќерки, татко му, соиграчите од репрезентацијата Гоце Георгиевски и Ацо Јоновски, како и негови пријатели.

38 годишниот годишниот Муркуловски почнал да тренира ракомет од 13 годишна возраст во школата на РК Македонија.

На овој спорт во сениорска конкуренција му служеше две децении. Со исклучок на една сезона во која дел беше дел од Младост Богданци, Муркуловски од 2003-та до 2015-та ги бранеше боите на Металург со кој стана 6 пати првак на Македонија и освои 5 Купови.

Потоа кусо заигра во Хановер и истата 2015-та потпиша за Вецлар.

Славниот Жути ќе остане во ракометот како асистент тренер во Вецлар и во македонската репрезентација.

Последниот гол во кариерата

13 јуни 2022 - 09:06