Модриќ: „Ова што ни го направија е нехумано и ненормално“

Хрватската фудбалска репрезентација ја совлада Франција 0-1 среде Париз, ја забележа првата победа во историјата против светскиот шампион со кого имаат многу меѓусебни дуели и ги закова „триколорите“ на дно на табелата во Лига Нации.

Мечот го реши Лука Модриќ со гол од пенал уште во 4’ минута. Ѕвездата на Реал Мадрид и неговите соиграчи биле пресреќни после триумфот на големата Франција на гости.

„Конечно! Фала Богу стигнавме до прва победа против нив во десет меча. Среќни сме не само поради победата туку и поради начинот. Ја заслуживме победава според прикажаното вечерва.

Французите ни беа црна мачка, никако да ги победиме. Секогаш бевме блиску, одигравме доста добри натпревари но никако не успеавме да ги добиеме. Еве сега конечно успеавме и тоа на нивен стадион.

Модриќ кој со Реал Мадрид освои нова шампионска титула во Ла Лига и го освои вредниот пехар во Лига на шампиони, за пренатрупаниот распоред во Лига Нации вели дека е ненормален.

„Она што многу ме нервира е оваа абнормална пренатрупаност со натпревари после многу напорна сезона. Ставија 4 меча во 10 дена. Тоа е нехумано! И не е нормално. Но мораш да го дадеш максимумот а мислам дека ние дадовме повеќе од тоа“, заклучи хрватскиот капитен.

 

14 јуни 2022 - 09:31