Ноер со гимнастичарски потег ја спаси Германија во Будимпешта
Германците како да се претплатени на резултат 1-1. Дури четврти пат по ред, а трет во Лига Нации завршуваат натпревар со поделба на бодови 1-1. Така беше и против Италија, и против Англија и сега против Унгарија во Будимпешта. Ама да не беше капитенот Ноер, трите бода ќе останеа во Будимпешта.