Тренерот на Веспрем, некогашниот најдобар стрелец во Лига на шампиони, Момир Илиќ повикал тајм-аут на 30-ина секунди до крајот од мечот. Неговите играчи не ги спровеле замислите во дело, направиле прекршок во напад на 13 секунди пред крајот, па Сегед тргнал во последна офанзива.
И буквално на секунда пред крајот Словенецот Деан Бомбач го пронаоѓа Миклош Рошта за гол и победа со повеќе постигнати погодоци - 29:30.
Нашиот репрезентативец Дејан Манасков постигна два гола. Тој го одигра последниот меч за Веспрем во домашната арена. Веспрем ќе се обиде да се извади за шокантниот пораз, на Фајнал фор каде ќе брка прва европска титула. Противник во полуфинале ќе им биде Кјелце, а останатиот полуфинален пар го сочинуваат Кил и Барселона. Фајнал фор ќе се игра следниот викенд во Келн.
🤩 #champions pic.twitter.com/hJjHBuZ7JK
— PICK Szeged Handball Team (@pickhandball) June 13, 2022
И покрај болниот пораз во финале пред свои навивачи, Веспрем е апсолутен хегемон во унгарскиот ракомет со дури 26 шампионски титули пред Хонвед кој има 15, Електротомос има 12, Ујпешт 8, Сегед и Спартакус по 5, Татабања 4, Ѓер, Метеор, Шепел по 3.