Стигнуваат нови промени во фудбалот, за измени, за нов офсајд, голманска позиција

Највисокото судиско тело на светот, IFAB, се состанува во понеделник со цел да ги одобри и воведе новите промени во фудбалот.

Промените ќе бидат валидни уште од први јули. Главните промени во правилата ќе бидат за замените, за позицијата на голманот за време на пенал и за офсајдот.

ИЗМЕНИ

Правилото на пет замени за време на натпреварите кое се воспостави како привремено решение во текот на глобалната пандемија, со цел играчите и тренерите да имаат повеќе простор за одмор и свежина на располагање, сега ќе стане трајно.

Во сите натпреварувања под палка на ФИФА (меѓу нив и Светско првенство), а најверојатно и во сите национални првенства, ќе бидат усвоени овие правила за пет измени.

ИСКЛУЧУВАЊА

Доколку играч со игра со рака спречи очигледна шанса за гол на противник ќе му биде покажан директен црвен картон без размислување. Ова правило важеше и досега, но од сега ќе биде сигурно без разлика на кој дел од теренот е направен прекршокот.

ПОЗИЦИЈА НА ГОЛМАН ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ ПЕНАЛ

Уште едно правило кое ќе биде усвоено на состанокот на меѓународната фудбалска судиска унија ќе бида голманот да мора да стои на линијата со обете нозе за време на пеналот. Нема како досега да може само со една нога да стои на линија а со другата да биде понапред или поназад.

ОФСАЈД

Најгласно и најозборувано правило било она околу офсајдот. Во понеделник ќе се дискутира повторно за „полу-автоматски“ офсајд.

Станува збор за правило кое вели дека доколу напаѓачот со задниот дел од телото кое му е во линија со одбраната има контакт со топката, тогаш нема да се крева офсајд.

Пјерлуџи Колина, легендарниот италијанскио судија којшто е прв човек на комитетот за судии на ФИФА рекол дека се уште се бара идеално решение за офсајдот. Состанокот на судиите се одржувал во Доха, во Катар каде во ноември и декември ќе се игра Светско првенство, најверојатно со нови правила.

13 јуни 2022 - 16:17