Воините ја забележаа третата победа во серијата и стигнаа до меч топка. Ќе имаат шанса да ја освојат седмата шампионска титула во клупската историја.
Машинеријата Голден Стејт газеше дури и кога Стеф Кари немаше своја вечер. Него апсолутно го одмени Еднрју Вигинс кој конечно блесна во финалната серија после пар бледи средби.
Водеа Вориорси во текот на целиот меч а со одлична игра во одбраната во првиот дел го доведоа Бостон на само 39 поени, додека предноста ја одржуваа на 10 поени разлика.
Во третиот период кој е препознатлив знак токму на Голден Стејт, Селтикс направи контра-удар и со одлична серија го однесе мечот во резултатска неизвесност.
Домаќинот воден од свои навивачи во Сан Франциско го доби четвртиот период, разликата на две минути пред крајот беше 15 поени така што Бостон веќе фрли бел пешкир на паркетот во Сан Франциско.
ANDREW WIGGINS.
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 14, 2022
GOODNIGHT.
(via @warriors)pic.twitter.com/sp6l1pDWrJ
Ендрју Вигинс беше главен играч на мечот со 26 поени и 13 скока. Клеј Томспон додаде 21 поен со дури 5 тројки. Стеф Кари и покрај слабиот шут, стигна некако до пристојни 16 поени со 8 асистенции (шут од игра 7/22, со 0/9 за три).
Кај Селтикс, Џејсон Тејтум уфрли 27 поени со 10 скока и четири асистенции. Шестиот натпревар се игра во „ТД Гарден“ во Бостон во ноќта меѓу четврток и петок.
Верувале или не, после 232 меча Кари не постигна ни една тројка