Селекцијата на Роберто Манчини по сè изгледа уште не може да се опорави психолошки од шокот кој Македонија и го преди во Палермо.
По 4 кола во Лига на нации имаат само една победа, а синоќа беа демолирани од Германија со 5:2. Кимих, Гундоган, Милер и два пати Вернер. До 69 минута губеа 5:0, а потоа погодија Њонто и Бастони.
Погледне ја оваа акција на Германците на прва. Со седум додавања по цел терен, почнувајќи од голман, ги зашеметија како деца на тренинг. Мислиш противникот им се вика Гибралтар.
Акција за почит имаа и за четвртиот гол
Штом не можат топка да изнесат, ова е веќе очај.
Од дебаклот произлезе и статистика дека дури 65 години немаат примено 5 гола на еден меч.
5 - Italy have conceded 5+ goals in a single match for the first time since May 12, 1957 against Yugoslavia in the Central European International Cup (1-6). Difficulty.#GERITA #GermanyItaly #NationsLeague
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) June 14, 2022
Вилфред Њонто немаше баш можност да се израдува што направи сефте и стана најмлад стрелец во историјата на Италија.
18 e 222 - Wilfried #Gnonto (18 anni e 222 giorni) è il più giovane marcatore nella storia della Nazionale Italiana, superato Bruno Nicolè (18 anni e 259 giorni nel 1958 contro la Francia). Gioventù.#GermaniaItalia #GERITA #NationsLeague pic.twitter.com/rMoBx3aN1F
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) June 14, 2022