14 јуни 1987 година е датум кој со златни букви е запишан во историјата на Вардар ден на кој стана единствен македонски клуб кој успеал да ја покори Југославија.
Титулата беше круна на идејата, 40 години претходно Победа и Македонија да се фузираат во Вардар кој ќе победува и ќе стане препознатлив бренд, а потоа и единствен македонски претставник кој во 2017-та дочека европска промоција во Лига Европа.
Тренер на екипата беше Андон Дончевски (најдобар стрелец во историјата на Вардар), а негови помошници уште двајца легенди на клубот, Кочо Димитровски (најмногу настапи во историјата на Вардар) и Методија Спасовски (втор најдобар стрелец).
Тим со многу ѕвезди од кои стравуваше цела Југославија и кој подоцна беше костурот на македонската репрезентација. Колку беа силни потврдува фактот што дури и големата четворка мака мачеше со нив.
Вардар ги победи Динамо Загреб и Црвена Звезда, а одигра нерешено со Партизан и Хајдук во есенскиот дел од југословенскиот шампионат.
Титулата ја освоија со скор од 15 победи, 8 нерешени и 11 порази и покрај поразот во последното коло од Динамо Загреб на Максимир, бидејќи им се поклопија резултатите и на конкурентите.
Најдобар стрелец беше Дарко Панчев со постигнати 18 голови, Тони Савевски беше најстандарден со 33 настапи.
Инаку поради низа резултати на натпревари кои беа сомнителни дека се наместени во претходната сезона, дури 10 клубови од вкупно 18 беа казнени со одземање на 6 бодови. Па одлуката на Фудбалскиот сојуз на Југославија беше повлечена и по судски пат титулата му беше доделена на Партизан.
Но за УЕФА, таа одлука не беше валидна и за нив шампион беше Вардар, кој потоа како претставник на Југославија во КЕШ, во септември одигра двомеч со актуелниот европски првак Порто кој на два пати славеше со 3:0.
Носталгичари, читајте внимателно:
ГОЛМАНИ - Момчило Грошев, Љупчо Лазаров, Слободан Мутибариќ
ОДБРАНА - Вујадин Станојковиќ, Венцислав Симоновски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдовски, Јовко Бизимовски, Бобан Бабунски, Николчо Филипов, Љупчо Марковски.
СРЕДЕН РЕД - Тони Савевски, Никола Аврамовски, Тони Анастасовски, Милко Симовски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Зоран Трајчевски, Гоце Димовски, Томче Трајановски, Ајро Суби, Слободан Горачинов.
НАПАД - Дарко Панчев, Јовче Џипунов, Васил Рингов, Горан Стојановиќ
И бидејќи ниту за 25, 30 или сега за 35 години јубилеј, никако не се одбележа тој голем ден, ќе се потсетиме што се случуваше во Скопје во 2002-ра година.
Вардаровите легенди самостојно организираа меч по повод 15 години од шампионската титула против комбинираниот тим од првата и втората југословенска лига, кој се одигра пред преполн Градски.
Натпреварот се пренесуваше во живо со коментар на Зоран Михајлов, кој на атлетската патека имаше логистичка поддршка од Горан Стерјов кој им земаше изјави на фудбалерите.
Капитени Дарко Панчев и Драган Стојковиќ Пикси кои тука имаат по 37 години. Комити со транспарент: Како во старите добри времиња.
Составите на екипите и настапите на Влатко Стефановски и Андријана Јаневска.
Изведувањето на почетниот удар на Димче Беловски, поранешен амбасадор на СФРЈ во Канада и во САД.
Изјави на Дарко Панчев и Андон Дончевски на полувреме
Изјави на Милко Ѓуровски и Илија Најдоски
Изјави на Панчев на крај на мечот и во соблекувална