Имитаторот на големата НБА ѕвезда Клеј Томпсон во финале цели 10 минути си шутирал на главен терен

Голден Стејт Вориорс докажа дека е страшна машинерија откако го победи Бостон Селтикс 104:94 во петтиот меч и поведе со 3:2 во големото НБА финале. Но за дуелот во Сан Франциско се зборува и по нешто друго и лудо.

Меѓу НБА следбениците и само меѓу нив, познат е извесен „Fat Clay“, односно Даусон Гарли кој многу наликува на суперѕвездата на Голден Стејт Вориорс Клеј Томпсон.

И бил интересен долго време, но после она што го направил на 5-от меч меѓу Вориос и Селтикс, франшизата од Сан Франциско доживотно му забранила пристап до нивната арена и забранет му е влез на натпреварите на Голден Стејт.

Даусон „мртов-ладен“ ги поминал сите прстени на обезбедување во арената пред големиот меч од финалето, влегол на паркетот глумејќи дека е Клеј Томпсон и цели 10 минути шутирал во едниот од кошевите!

Даусон од 2017-та направил Јутјуб канал на кој објавува видеа поврзани со неговите циркуси кога глуми дека навистина е Клеј Томпсон.

Голден Стејт прејак за Бостон дури и без тројките на Кари, воините на чекор од титула

Верувале или не, после 232 меча Кари не постигна ни една тројка

14 јуни 2022 - 11:16