Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Ѕверското забивање на Јанис Антетокунпо преку Јокиќ кој врати во рекетот

Во една ретка средба на европско тло меѓу две големи НБА суперѕвезди, Јанис Антетокумпо и Никола Јокиќ покажаа зошто се тоа што се во најдобрата светска лига. The Greek Freak имаше страшна партија со 40 поени, осум скока и пет асистенции, а Никола Јокиќ беше најефикасен кај Србите со 29 поени, осум скока и шест асистенции.

Фоторепортерска опсада во прв ред на мечот Србија - Грција

Новак Ѓоковиќ, Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и Драган Бјелогрлиќ синоќа им отворија многу работа на фоторепортерите во салата Штарк во Белград. Ноле, како и секогаш дочекан со аплаузи.

Јунакот на Македонија Нено: „Не знам ни самиот како влезе топката“

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ кој летово направи ултра богат трансфер во рускиот Уникс Казањ, беше творец на најлудата тројка во историјата на нашата репрезентативна кошарка.

„Ако одам во Битола“ згрми во Боро Чурлевски

Еурофарм Пелистер испиша нова ракометна историја откако за прв избори пласман во Фајнфор завршницата од СЕХА лигата. Битолчани беа сведоци на драматичен натпревар против Мешков Брест, кој беше решен на пенали. Клучниот потег на мечот го направи Словенецот Урбан Лејсак со херојска одбрана.

Спектакуларна тројка на Јокиќ во дуел еден на еден со Андетокумбо

Србија и Грција одиграа неизвесен и возбудлив натпревар во квалификациите за Светско кој го добија домаќините во продолженијата. Очите вперени кон Никола Јокиќ кој со феноменален шут за три ја запали публиката. Му скандираа МВП.

Ремек делото на Нено од пола терен за победа на Македонија над Данска

Македонската кошаркарска репрезентација приреди лудачки финиш во првиот претквалификациски дуел за ЕП 2025. При нерешен резултат, на премалку секунди да се организира последен напад, Ненад Димитријевиќ ги смрзна Данците во стилот на Стефон Кари.

Ждрепка за Лига на шампиони: Јувентус со ПСЖ, Барселона во страшна група

На свечена церемонија од 18:00 часот во Истанбул, УЕФА ги прогласи најдобрите поединци од претходната сезона а се влечеа и групите за Лига на шампиони.

Скок во далечина со глава, ама без памет

Европското првенство во атлетика во Минхен заврши и остави прашалници, зошто Швеѓанецот Јеспер Хелстром се престави со ваков троскок во финале?

Како Илија Најдоски гинеше во ЛШ против Баерн

На денот кога веќе се познати сите патници во групната фаза, а попладне од 18 часот е ждрепката, остануваме на актуелната тема Лига на шампиони. Ова е сезона 1990/1991, кога Црвена Звезда пред историското финале во Бари, успеа да го елиминира големиот Баерн Минхен.

Од банкрот пред 10 години и нов почеток од четврта лига, стигнаа до Лига на шампиони

По долго време, Шкотска ќе има два претставника во групната фаза од ЛШ, Селтик и Глазгов Ренџерс, кој после сè што преживеа, успеа да се врати во најславното фудбалско друштво.

Шекил О’Нил: „Се возев 20 часа со авион од САД до Австралија, еве зошто Земјата е рамна“

Култниот НБА центар кој има 50 години и кој ужива во разни земји, а летово беше и на хрватското приморје каде во друштво со Лука Дончиќ и Горан Драгиќ пушташе музика во улога на ди-џеј, ја разгоре дискусијата за тоа дали Земјата е рамна.

А ние сме мислеле ваква реакција има само позади зграда

Романија има сериозна лига, со супер инфраструктура, модерни стадиони, пристојна посета и симпатични клубови. Ама во романскиот фудбал често има и комични моменти кои ретко каде ги има. Како на пример ова што се случи на мечот меѓу Арџес и Миовени каде голман Јустин Попеску ладно го погоди стоперот Скарлатаче и си даде автогол. Имаа среќа што судијата го поништил поради тоа што топката во моментот на изведување - тапкала.

Пречекот на Деле Али во Истанбул

Големото фудбалско име од Тотенхем, кое спласна во Евертон, прифати турски предизвик. Навивачите го пречекаа на класичен турски начин, а тој им го направи ќеифот уште на првата средба.

Најпознатите две банани на Дивац во кариерата - кога го залепи Џордан

По настапите во Слога Краљево и белградски Партизан, Владе Дивац се појавува на НБА  драфтот во 1989 а го бира славниот ЛА Лејкерс. Дивац станува првиот Европјанин со сериозен импакт во лигата а учи од менторите Карим Абдул-Џабар и Меџик Џонсон. Од тоа менторство произлезе и неговата дарба за банани која еднаш на своја кожа ја почуствува и најголемиот на сите времиња.

Така работат големи клубови - Мбапе се сретна со 8-годишно девојче кое го навредувале на интернет

Во интернетската џунгла има секакви ѕверови. Така некои будалетинки ја навредувале и исмевале малата 8-годишна Камил која боледува од ретка болест и на почеток на годинава снимила видео во кое зборува како сака Килијан Мбапе да остане во ПСЖ и да не си оди.

Дончиќ од кош на кош со една рака

И тоа без коски за време на подготовките за Европско. Што рака ќе имаше овој човек.

Спектакл меѓу Барселона и Манчестер Сити од хуманитарен карактер, Халанд со драмска изведба ко Нејмар

Барселона и Манчестер Сити одиграа пријателски натпревар од хуманитарен карактер а средствата собрани од оваа средба која што ја гледале 91.062 гледачи, ќе оди во фондови за помош на лица заболени од АЛС.

Велемајсторски гол на Петковиќ на асистенција на Ристовски, Динамо слави пласман во ЛШ

По 120 минути битка, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се израдуваа на учество во најелитното клупско европско натпреварување. Швеѓаните капитулираа во 117-та и 120-та минута.

Капитенска лента за Елмас, проектил на Ндомбеле за шиење на мрежата

По само три сезони и 128 настапи, Елиф Елмас доби чест да ја носи капитенската лента која ја има носено еден Марадона.

Пред автоголот на Павков навивач го принуди судијата да свирне фаул

Тешка глупост се случи на Маракана на неколку секунди пред Милан Павков да си ја забие во гол по кој Црвена Звезда остана без пласман во ЛШ. Судијата во таа акција досуди предност, а потоа од трибина се слуша свирче по кое се пишмани и го досудува прекршокот во опасна зона. Дури и гостинските играчи се бунеа за задоцнетата судиска одлука. Што ти е фудбалот. Што ли ќе беше ако навивачот не се изглупираше?

Најјаката сцена од Фудбал Фактори, култниот филм за одбрани

Во 2004-та година излезе The Football Factory, омилениот филм на кој растеа неколку генерации. Режисерот и сценарист Ник Лав преку Дени Дајер и екипата раскажа како изгледаа англиските фудбалски хулигански банди од внатре. Баш од внатре.

Како Левандовски ja скенира акцијата за гол во 2 секунди

Ќе рече некој 9-ка треба само да дреме во шеснаесетник и да му ја наместат. Не дечки, треба мозок и за тоа. Пољакот е гол машина со 618 погодоци за клуб и репрезентација. Погледнете го како паметно резонира во напад. Видеото е од викендов против Реал Сосиедад.

Ла Лига му го избриша жолтиот картон на шпицот на Виљареал за прослава на гол

Виљареал во четврток игра против Хајдук во Сплит плејоф за пласман во Лига Конференции и ќе брани победа од 3-1. Во неделата „жолтата подморница“ му одржа лекција на Атлетико во Мадрид и славеше 0-2 со головите на Јереми Пино и Херард Морено.

Липовљански фудбалски средби

Во хрватското село Липовљани не користат фудбалче со жетони. Царевите го играат на оригинален начин.