Месут Озил (34) е роден во германски Гелзенкирхен. Кариерата од Рот-Вејс Есен ја продолжи во Шалке па играше и во Вердер Бремен, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и сега е во Истанбул Башакшехир.
За репрезентацијата на Германија одигра 92 меча, постигна 23 гола. Освои Светско првенство во 2014 и трето место на Мундијал во 2010-та.
Поради заедничка фотографија со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, германската јавност бурно реагираше што наводно Озил го поддржал турскиот претседател во предизборна кампања и бараа од фудбалската федерација да го исфрли од репрезентација. Така и се случи, Месут веќе никогаш повторно не заигра за Германците.