
И покрај тоа што Хари Мегваер, стоперот на Манчестер Јунајтед игра супер добро на Светското првенство во Катар, тој веќе е обележан како голем киксер. Најмногу благодарение на социјалните мрежи.
Муабетите за неговите киксеви стигнале дури и до Гана каде во Парламентот еден пратеник по име Исак Адонго во расправа за буџетот го споредува потпретседателот на Гана Махамуду Бавумиа со Хари Мегваер и вика дека и тој како и него си дава автоголови.
Why’s Harry Maguire being discussed at the parliament in Ghana 😭😭pic.twitter.com/zytwEmbr6J
— jαck (@UtdOptimist) December 1, 2022
Има еден играч како вас во Велика Британија, во Англија, се вика Мегваер и игра за Манчестер Јунајтед. Хари Мегваер. Тој е дефанзивец. Секогаш има лизгачки стартови и се фрла со тело по теренот како да е најдобар одбранбен на свет. Манчестер Јунајтед отиде и го купи. Тој стана најголем тренд во центарот на одбраната на Манчестер Јунајтед и почна да им асистира на противниците. Во земјава ние имаме економски Мегваер. Исти економски Мегваер кој предава на факултет како да се оправи вредноста на градот. Господине спикер, зошто не му дадеме шанса на овој Мегваер наш да биде во центарот на нашата одбрана. И онака дава автоголови“.