А што беше муабетот со жолти картони?

Вчерашниот ден донесе фантастична драма на Светското првенство. Во групите Ц и Д имаше луд развој на настаните. Тунис ја победи Франција 1-0 но не се пласираше понатаму. А во 95-та минута во групата Ц не се знаеше кој јаде кој пие.

Аргентина, Полска, Мексико и Саудиска Арабија имаа шанси за пласман во осминафинале. Полјаците и Мексиканците во последното коло влегоа со идентични показатели по многу параметри: 4 бода, гол разлика 2:2, нерешено 0:0 во нивниот меѓусебен дуел.

Во таква ситуација се гледаше следниот, четврти по ред параметар односно критериумот фер-плеј. Ова значеше дека понатаму оди оној кој има помалку казни односно жолти и црвени картони.

Правилото вели:

- Жолт картон носи -1 бод
- Два жолти и автоматски црвен носи -3 бода
- Директен црвен картон носи -4 бода
- Жолт картон и директен црвен картон носи -5 бода

Ако казните се идентични, се влече ждрепка, односно се фрла паричка. Нефер момент но правилото е такво.

Мексико за три кола од групна фаза доби 7 жолти картони, а Полска 5. Овој показател ги носеше Полјаците во осминафинале а Мексико дома во моментот кога Мексиканците водеа 0-2 со Саудиска Арабија а Полска губеше исто 0-2 од Аргентина.

КАКО БЕШЕ МОМЕНТОТ СО ЖОЛТИ?

Мексиканците добија 2 жолти картони со Полска, 4 со Аргентина и 2 со Саудиска Арабија. Вкупно 8 жолти картони односно 8 казнени бодови.

Полјаците имаа 5 казнени бода зошто добија 5 жолти.

ШТО СЕ СЛУЧИ НА КРАЈОТ?

Во моментите кога на двата меча беше 2:0 и на Мексиканците им требаше или нивен гол или Аргентина да зголеми на 3:0, Саудиска Арабија постигна погодок за 1:2. Во тој момент картоните веќе никој не го интересираа.

КОГА СЕ ПОЈАВИЛО ОВА ПРАВИЛО? КОЈ НАСТРАДАЛ ОД НЕГО?

ФИФА во 2016-та решила да го воведе ова правило (претходно трет критериум бил фрлање паричка за кој ќе оди понатаму).

И на првото Светско со новото правило, во 2018-та фер-плеј критериумот се активираше. Во иста ситуација како и денес со многу исти параметри меѓу Јапонија и Сенегал. Овие репрезентации собраа по 4 бода и на крај имаа иста гол разлика 2:2.

Се решија картоните: Јапонија имаше 4 а Сегенал 6.

Селекторот на Сенегалците кои ги води и сега, Алиу Сисе беше видно лут но воздржан: „Репрезентацијата на Сенегал не се пласира во осминафинале зошто гледаме не го заслужила тоа. Такви се правилата, сите ги следиме и почитуваме. Секако дека сакавме да одиме понатаму па и да испаднеме да не беше тоа поради жолти картони“.

ПРАВИЛОТО НЕ ПЛАНИРААТ ДА ГО СМЕНАТ

Пробано е неколку пати да се тргне ова правило со картоните како критериум. Фудбалската федерација на Сенегал беше пожестока од нивниот селектор. Кара Туине,  од нивната федерација ја критикувала Јапонија. По негово мислење, играчите знаеле дека и да победат со исто голови како Јапонија, не би можеле да одат поради повеќе картони.

„Во иднина ФИФА треба да ги казнува тимовите кои играат вака. Воведоа ново правило но дали фер-плејот ги решава сите проблеми? После мечот ништо не е преземено ни против Јапонија ни против Полска. За таков однос кон мечот треба да бидат казнети селектори, играчи или репрезентацијата во целост“.

Сенегалците дури и праќале дописи до ФИФА со цел да го тргне ова правило.

„Веруваме дека кога дознаа за голот на Колумбија во мрежа на Сенегал (1:0), репрезентацијата на Јапонија практично прекина да игра фудбал, зошто знаеше што ја носи понатаму. Но тоа им противречи на принципите на фудбалот. Уште повеќе шокира што селекторот на Јапонија дури не го ни негираше тој факт.

На прес-конференција после мечот потврди дека се труделе да го сочуваат резултатот 0:1. Фудбалската федерација на Сенегал жали што репрезентацијата на Јапонија не се придржи до принципите на фер-плеј. Ја чувствуваа својата неказнивост.  

1 декември 2022 - 09:33