Во истата група Мароко со 1-2 ја победи отпишаната Канада и неочекувано како прв оди во осминафинале.
Дуелот Хрватска - Белгија кој донесе отворен фудбал и одлични шанси на двете страни, го одбележија неверојатните промашувања на Ромелу Лукаку.
Расниот центарфор кој во кариерата се изнадава еден куп голови за Манчестер Јунајтед, Челси, Интер, вечерва против Хрватска беше како почетник. Со сигурност благодарение на него избраниците на Златко Далиќ одат во осминафинале и таму ќе играат против сензационалната Јапонија.
Лукаку влезе на почеток на вториот дел наместо Дрис Мертенс и буквално ги закопа Белгијците: