Седум многу важни играчи имаа или имаат проблеми со повреди и на Светското дојдоа физични неспремни 100% после клупските ангажмани.
Одиме по ред. Неколку недели пред заминувањето во Катар, најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација, Александар Митровиќ го повреди зглобот. Тој пропушти натпревари за Фулам, а извесен период беше дури и со патерици.
Иако физички не е 100% подготвен, играше против Бразил и Камерун, каде беше и стрелец. Се очекува да биде во стартните 11 против Швајцарија.
И Душан Влаховиќ ровит дојде на Мундијалот, но на последните тренинзи делувал како лута машина со голема желба за настап. Се чини дека повредата за него е минато.
Слична е ситуацијата и со Филип Костиќ, кој во Катар пристигна со повреда на мускулот. Неговото отуство беше голем хендикеп за мечот против Бразил и веќе на натпреварот против Камерун стана јасно колку за Србија значи неговото присуство на левата страна.
И клучниот дефанзивен играч за врска, Саша Лукиќ не беше фит. Добил лекарски третман и изгледа дека го надминал проблемот со листот. Неговиот настап против Швајцарија не треба да биде доведен во прашање.
Сергеј Милинковиќ Савиќ при еден старт на Каземиро, го повреди зглобот на натпреварот против Бразил. На социјалните мрежи се појавија застрашувашки фотографии, но сепак тој треба да биде во комбинација за настап.
Страхиња Павловиќ е многу важен играч во триото на Пикси. Младиот дефанзивец и стрелец на голот за израмнување, се повреди на натпреварот против Камерун, а по неговото излегување Србија прими два брзи гола. Тој се надева дека ќе биде подготвен за натпреварот против Швајцарија.
И тоа не беше крај на селекторските маки. И другиот стопер Милош Вељковиќ поради повреда мораше предвреме да го напушти натпреварот против Камерун. Пред еден месец имаше проблем со тетивата, а се чини дека превентивно излезе на мечот со Камерунците и дека речиси сигурно ќе го заземе утре местото на централен стопер.