
Германија го заврши настапот на Светско првенство. Иако победија 4-2 против Костарика во последното коло после пресврт, избраниците на Ханси Флик си одат дома.
Причина за тоа се нивните слаби игри, поразот од Јапонија кога испуштија предност од 1:0, ремито 1:1 со Шпанија но и резултатот од мечот Јапонија - Шпанија кој го шокираше светот.
Во случај Шпанија да одиграше нерешено или да ја победеше Јапонија, со триумф против Костарика Германците ќе одеа во осминафинале. Вака се соочија со елиминација.
Германците ги поткрепуваат овие тврдења со фактот дека Шпанија на клупа ги оставила ведетите како Марко Асенсио, Жорди Алба, Карвахал, Ансу Фати, Сарабија и Феран Торес кои влегоа подоцна во текот на мечот во вториот дел.
„Каква срамота! Испаднавме“, е насловот на најпознатиот германски дневник Bild, додека реномираниот Kicker вели: „Германските играчи изгледаат престрашено. Горецка, Раум и другите изгледаат шокирано и зеваат во празно додека седат на клупата за резерви“.
„Горко СП за Германија“, пишува Deutsche Welle, а Sportschau додава дека е ова „совршена срамота“.
Од друга страна, германските репрезентативци и стручниот штаб не можат да се начудат колку срамно одиграла Шпанија и тврдат дека намерно калкулирале со пораз, за да избегнат потежок пат понатаму.
„Апсолутна катастрофа. Неверојатно боли зошто нашата победа требаше да биде доволна. Се чувствувавме беспомошно, тешко беше да се очекува дека ќе се направи чудо и ќе победиме со седум гола разлика. Неверојатно е тажно што Јапонците успеаа да ја победат Шпанија. Целата наша трагедија се случи со поразот од Јапонија“, вели Томас Милер кој има светско злато од 2006-та и е еден од најдобрите стрелци во историјата на Мундијалите.
Тој реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Најдобриот поединец на мечот со Костарика, Кај Хаверц кој даде два гола откако влезе од клупа изјави: „Не очекувавме овој резултат од Шпанија. Но мора да се погледнеме себеси, имавме доволно шанси за победа против Јапонија и за триумф против Шпанија“.
„Црвената фурија“ во 1/8 финале ќе оди на разгоропадениот Мароко, а Јапонија на Хрватска.
Мали закачки меѓу Германци и Арапи поради слики на Озил
„Мајка ми ме крстила Јелцин, многу го сакаше“ - историја за Костариканецот кој ја смрзна Германија