Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Како Рој Кин по потежок пат учеше од својот идол

Вини Џонс важи за најголемиот касапин што некогаш играл во англискиот фудбал. А замислете колку „месари“ трчале по топка во островскиот фудбал и каков е најлудиот меѓу нив. Играше за Вимблдон, Лидс Јунајтед, Шефилд Јунајтед, Челси и Квинс Парк Ренџерс. Имаше 9 настапи за репрезентацијата на Велс, а негов наследник стана Рој Кин кој научи од идолот како се „влегува во месо“.

Венеција смисли генијален потег како да ги изигра глупите правила на интернет

Најдобрите Топ5 фудбалски лиги имаат строга заштита на авторските тв права, па не може туку така лесно некој клуб да си објавува хајлајтс, најдобри моменти од натпреварите или голови кога ќе му текне. Така е и во италијанската Серија Б каде е забрането споделување видеа на други онлајн платформи освен на AdPlay Media Holding.

Почнаа да ја имитираат најдобрата прослава сезонава

Фулам го доживеа можеби најтешкиот пораз во последните децении, зошто испадна уште во втора рунда од англискиот Лига Куп и тоа од нисколигашот Кроули Таун. Фулам е премиерлигаш и ова беше права шлаканица за нив. Кроули победи 2:0 а стрелецот на првиот гол Том Николс го прослави како прославите во женски фудбал.

Остај ти гол од 60 метри, јас од 80 дадов

Египет и Аргентина ова коло решија да се такмичат кој ќе даде гол од подалеку. Извесен Ибрахим Хасан ја опали од своја половина, ама треба да учи од Матео Коронел, играч на Атлетико Тукуман.

Извежбана Шаќировка на денот

Бразилецот Даглас Луиз од Астон Вила има нешто да ви покаже од корнер. Ја заби директ, без да се замара да бара некој на глава, а истиот шут го вежбаше ден претходно на тренинг. Инаку Астон Вила го доби Болтон на гости со 1:4 во првото коло од Лига Купот.

Несмасната интервенција на Борјан и трагичниот автогол на Павков со кои Звезда остана без ЛШ

Фудбалерите на Црвена Звезда не успеаа да стигнат до групната фаза од Лигата на шампионите откако не го поминаа последниот филтер во квалификациите. Пресуди Милан Павков кој во 90-та минута си постигна автогол.

На три месеци до Мундијалот Катар апси и депортира работници

И поркрај сите апели, критики, загрижености и новинарски стории, контроверзниот домаќин на Светското кое ќе се игра следнава зима, тера по старо.

Акцијата на Јуве за која цел интернет им фаќа сеир

Јувентус одигра 0:0 на гостувањето против Сампдорија во 2. коло од Серија А, а навивачите со дрва и камења против Алегри поради оваа очобол акција, која среќа што е убрзана во 40 секунди. Никако не можат да се спојат со средниот ред, а Влаховиќ во прво полувреме имал бедна статистика од три допири со топка.

Талентираниот бисер Никола Узунов тренира во кампот на Ѓоковиќ

Десетгодишниот тениски талент Никола Узунов од Валандово, летово ќе e дел од кампот на еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Пресинг каков што Челси не видел, Тухел веднаш го барал детево

Ентони Гордон е нов хит во англискиот фудбал. Младиот 21-годишен крилен напаѓач носи број 10 во Евертон и игра за младинската репрезентација на Англија. Во системот на „карамелите“ дошол на само 11 години откако во Ливерпул процениле дека не е доволно добар за нив.

Каков пример е Нејмар со прославата за гол како недозреан?

ПСЖ викендов го демолираше Лил на гости со 1:7, а Нејмар го прослави својот гол како невоспитано улично дете кое им се кези на другарите. Како тој, така и тие кој го гледаат. 30 години направи и уште не созреа.

Решиле Хрватите во трета лига да стават камера зад гол

Повеќе за оваа иновација, како и неговата издржливост ќе ви каже коментаторот.

Со мегафон поведе песна, па топка го врати на место

На меч на Спортинг Канзас Сити во МЛС лига, „водач“ на домашните „навивачи“ преку мегафон пее: Nobody can’t stop us now („Никој не може да не сопре сега“). И следно што го снаоѓа е....

Џумбуз на роденденот на Богдановиќ со Јокиќ, Марјановиќ и Перо Антиќ

Богдан Богдановиќ реши да го одбележи 30-от роденден со сите нишани. Го покани поранешниот соиграч од Фенербахче, Перо Антиќ, а во страшен елемент на забавата му беа другарчињата од НБА, Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ. Тоа е тој кежуал понеделник во Белград.

Е убаво ти направи, би рекле дежурните

Пред најголемото дерби на англискиот фудбал, Манчестер Јунајтед - Ливерпул кое домаќинот го доби со 2:1, Кристијано Ронало кој трчкараше со резервните играчи на Јунајтед, дојде да ги поздрави стручните коментатори Гери Невил и Рој Кин, а Карагер кој често и секаде го критикуваше, го сметаше за дух.

Барселона уште не го пријавила најскапото засилување, ако не успеат до 31 август, си оди бесплатно

Младиот 23-годишен француски стопер Жил Кунде беше главна ѕвезда на преодниот рок, и тоа второ лето по ред. За неговиот потпис беа загреани сериозни клубови, Челси беше најцврсто намерачен, но на крај Французинот се реши за Барселона каде сакал да оди по секоја цена. Ама...

Волкановски на тронот на УФЦ

Австралиецот со македонско потекло се искачи на првата позиција на ранг листата на УФЦ во најдобрата категорија кило за кило.

Судија на два пати нокаутиран во Еквадор, колегите го сопреа фудбалот од протест

Голем скандал веќе неколку дена го тресе јужно-американскиот фудбал, откако на мечот меѓу Аукас и Макара во еквадорската прва лига, главниот судија Алекс Кахас на два пати беше патосиран од членови на стручниот штаб на еден од тимовите.

Формула 1 најверојатно ја брише култната патека во Белгија

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис се приклучи на сите носталгичари кои почнаа да ја жалат патеката Спа Франкошамп во Белгија која наводно и се уште неофицијално веќе нема да биде дел од патувачкиот циркус во иднина.

Не ти ја давам бе, не ти ја давам

По двата порази од Брајтон и Брентфорд, Манчестер Јунајтед изненади со победата од 2:1 над Ливерпул, а со однесувањето изненади и Бруно Фернандеш од кој имаме ситуации за одбележување.

Деби голчиште на Џани Алиоски за Фенербахче кој распали со левицата

По двата гола на Барди за Трабзонспор и вториот македонски репрезентативец кој се впушти во турска авантура покажа од каков материјал е. Прв погодот на Џани за Фенербахче и тоа со прекрасен волеј кој не се брани.

Кога дома уште криеш дека имаш дечко

Или па имаш уште еден и го јадеш среде пренос Реал Сосиедад - Барселона.

Во Босна шампионките во пливање тренираат под најлон за покривање марули

Пет дена по сензационалниот триумф на 16 годишното девојче, се појавија фотографии од условите во кои се тренирало неодамна во БиХ. Човек да гледа и да не верува.

Голман што ќе ви го направи денот

Толку е симпатично сè во видеово. Од храбриот потег на играчов што од пола терен сака да го изненади голманот, до самиот голман Сем Безент кој се фрла како мачка на топка која е 20 метри подалеку од него.