Видео јавување на Игор Паневски од Доха за организацијата на Мундијалот

Македонскиот новинар во подкастот „Тоа е фудбалот“ ги пофали домаќините за организацијата на Светското. Катарците купиле 3.000 автобуси за пренос на 20.000 новинари. Ангажирале 5.000 турски полицајци и 200 припадници на елитните полициски сили на Франција. Проблем вели дека се строгите контроли на стадион поради кои многу бавно се влегува, како и ниските температури.

Поплаки вели дека има поради тоа што ги пуштаат сите клими и температурата на стадион се спушта на 18 степени, што било ладно за навивачите бидејќи доаѓаат од надвор каде е 25 до 27 степни. Земјата со нешто над 2 милиони жители, успеала да прими околу 2,5 милиони гости.

Цела емисија

29 ноември 2022 - 15:35