Зошто Јапонците чистат сè педантно, соблекуваат чевли во театар и имаат предмет чистење

Феноменот „јапонски навивачи прават аптека на фудбалски стадиони“ видно светот го забележа на Светското првенство 2018 во Русија. После секој меч ја правеа пиц-пец трибината на која седеа тие, но и противничките навивачи. Сега истото педантно го прават и во Катар. Од каде таа прекрасна навика?

Јапонците се победници на трибините и околу стадионите на Светското првенство. Го чистат секое ѓубренце зад себе и не оставаат ни мал пикавец на земја. Од каде потекнува ова нивно уважување на животната средина?

ЈАПОНЦИТЕ СЕ УЧАТ ДА ЧИСТАТ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ ВО ШКОЛО, А РОДИТЕЛИТЕ СИ ГИ ПРЕЗЕМААТ ВАЛКАНИТЕ ПЕЛЕНИ ОД ГРАДИНКА

Чистење е важен дел од учебниот процес во јапонските школи. Децата се занимаваат со овој предмет уште од шест-седум години кога почнуваат со прво одделение.

Чистењето кај нив не се доживува како казна, туку поприма формат на игра и навика. Тоа е засилено и со влијанието од родителите кои инсистираат на строго одржување чистина и ред по дома.

На овој начин детето се интегрира во јапонското друштво и развива самосвест за одговорност и взаемна помош. 

Чистењето ги следи децата во текот на целиот школски период. Основците им помагаат на средношколците, додека чистењето тоалети и ремонт на просториите ги вршат луѓе со такви професии.

Писателот Јутака Окихара во книгата „Школско чистење“ вели: „Ниедна работа, па ниту грозното чистење ѓубре не е прениско за еден ученик. Сите треба подеднакво да ги обавуваат заедничките работи. Одржување на школото е одговорност за сите“.

Новинарката Хироко Јода која долго го изучувала овој феномен, рекла за редот на чистење:

„Секој ден по крајот на школото, се делевме во неколку групи (и машки и девојчиња), наизменично ги бришевме клупите, столчињата, го метевме подот и фрлавме ѓубре. Добро се сеќавам колку бевме разочарани кога нашата стара школа во предградието на Токио беше срушена и изградија нова со современи материјали. Колку досадно и стерилно изгледаа тие бетонски подови во споредба со дрвените клупи глатко исполирани од неколку генерации. Тоа беше како да изгубив другар“.

Писателката Даниела Деметриу која во 2007-ма се преселила во Јапонија забележува:

„Неретко на родителите (меѓу кои и јас) им се даваат уредно свиткани искористени пелени од своите деца, кога ќе дојдат во градинка да ги земат децата, секој да си ја понесе и да си ја фрли дома во кантата за отпад.

Заедно со спортските комплети и перници, неодамна морав да купам и означам некои салфетки за садови за своето шестгодишно дете кое штотуку тргна во прво одделение во јапонско школо. Сите деца од прв ден се учат внимателно да ги чистат училниците и да си местат за јадење“.

„Тоа не е толку сериозно за да се смета за филозофија. Ние просто сакаме да ги научиме децата: ако нешто користите или ако поминете време на одредено место, било да е тоа училница или вашата детска соба, морате сами да си ја исчистите. Тоа е наш обичај, тоа е природно за нас“, вели учителка од јапонско училиште.

Учениците во училишта менуваат чевли. Во театар посетителите исто менуваат чевли, мајсторите кога влегуваат дома исто ги соблекуваат чевлите на влезот.

Александар Прасол, во книгата за Јапонија раскажува дека соблекување чевли пред да влезеш во просторијата е стандардна процедура.

„За да се означи границата меѓу надворешниот и внатрешниот простор, подот е посебно подигнат за дваесет до триесет сантиметри“.

КАКВА Е РАБОТАТА СО ЃУБРЕТО НА ЈАПОНСКИТЕ УЛИЦИ: ПРОЅИРНИ КАНТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ, СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КУЧИЊА ИМААТ ПОСЕБНИ ЗАДОЛЖЕНИЈА

Европејците кои ја посетувале Јапонија уште во XVIII-XIX век ја истакнувале чистината на јапонските улици и желбата на Јапонците за голем ред.

Маико Аване, заменик-директор во канцеларијата на Градскиот совет на Хирошима за БиБиСи вели:

„Ние Јапонците многу се грижиме за тоа како изгледаме во очите на другите. Не сакаме да не сметаат за луѓе на кои им недостига образование или воспитување да чистат зад себе“.

Bloomberg пишува дека по глава на жител во Јапонија има двојно помалку отпад во домаќинствата отколку во САД. Јапонците се далеку пред Британците и Американците во однос на рециклирање на отпад. На ова влијае многу и немањето површини за депонии.

Токио е еден од најчистите градови на светот. Писателката Даниела Деметриу која од 2007-ма е преселена во Јапонија вели дека забележала голем ред на аеродромите, железничките станици и улици низ Токио кој има 14 милиони жители!

„Можете да видите колку е чисто и во високотехнолошките јавни тоалети во кои е незамисливо да видите ѓубре а никогаш во нив не фали хартија“.

На улиците во Јапонија речиси и да нема канти за отпадоци. Бројот на канти е значително намален по нападот со хемиско оружје во метро во 1995-та година кога загинале 12 лица а неколку илјади биле затруени.

Тоа што нема корпи не влијаело на количина на ѓубре по улиците. Јапонците едноставно отпадот го носат дома или го фрлаат на места прилагодени за ова. Оваа пракса се однесува на сопствениците на домашни миленици кои шетаат по улица.

„Сопствениците на кучиња секогаш, без исклучок, собираат кучешки измет и често носат шише вода за да исчистат се што нивното куче измокрило. Некои одат дури и до таму што ставаат тепихче со цел да го соберат изметот уште пред да допре на земја. Сопствениците на кучиња го носат изметот дома и го фрлаат во тоалет.

Ако Јапонец е настинат, тој носи заштитна медицинска маска на јавни места за да не зарази други. „Беспрекорна почит кон хармонијата на колективното општество во Јапонија е национална особона. Ова се одразува и во нивната извонредна прецизност во многу нешта, како и во познатата вештина „омотенаши“ што во превод значи „импресивно јапонско гостопримство“.

НОСАТ ВЛЕЧКИ ЗА ЈАВНИТЕ ТОАЛЕТИ, ТАКСИСТИТЕ НОСАТ БЕЛИ РААВИЦИ, А БОЛНИОТ ИЗЛЕГУВА СО МАСКА БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ

Чистината е број еден во секоја животна сфера во Јапонија. Новинарот Јуриј Синалеев кој 15 години живеел во Токио, го истакнува квалитетот на вода во домовите.

„Можете да ја пиете без страв. Едно време на иницијатива на градското собрание на Токио, водата од чешма се продаваше по симболична цена во пластични шишиња, а на жителите им беа испраќани бесплатни чаши со апел да не се плашат да пијат вода од чешма. Акцијата едно време беше прикната поради трагедијата од 11 март 2011-та година (еден од најразорните земјотреси во историјата на човештвото) но и тогаш водата од чешма немаше никаква опасност“.

Во книгата „Авантурите на еден авантурист во Јапонија“, писателката Јулија Андрева вели:

„Такситите имаат бели чипкани навлаки за седиштата. Возачите носат бели чисти ракавици. На велосипеди и автомобили убави дема возат во стилски бели ракавици до рамена. За време на изборните кампањи, политичарите се возат во агитациски автобуси и на гласачите им ги покажуваат своите беспрекорно чисти бели ракавици“.

Јапонците грижливо ги дезинфицираат и глучвето и тастатурите од компјутерите. Во јапонските домови, ресторани, домови и хотели има посебни влечки за посета на тоалетот. Ниту еден Јапонец, освен ако не е во здрав разум никогаш не би ги помешал влечките за дома и за тоалет“.

КУЛТУРА НА ЧИСТОТА - ИЗРАЗ НА БУДИСТИЧКИ И ШИНТОИСТИЧКИ ПОГЛЕДИ, МАНИФЕСТАЦИЈА НА ПОЧИТ КОН ДРУШТВОТО

Важно место во јапонското друштво завзема чистината. Според нив, чистото е буквално добро, валканото е зло. Противтежа на чистината е кегаре (шинтоистички израз за состбоја на валканост и загаденост). Ова вклучува смрт, болест и други непријатни настани во животот. За да се избегнат, мора да се водат ритуали на духовно и физичко прочистување.

Еден помошник шинтоистички свештеник во храм во градот Хирошима, Нориаки Икеда рекол: „Ако човек страда од кегаре, тоа може да му штети на цело општество. Така што да се практикува чистина е од животна важност. Ве чисти вас и помага да се избегнат катастрофи за друштвото. Ете зошто Јапонија е многу чиста земја“, вели Икеда.

Според социолошко истражување на NHK, медиски гигант од Јапонија, повеќе од 60% од Јапонците се сметаат себе за атеисти, околу 35% се будисти или шинтоисти. Но истовремено, 74% од испитаниците веруваат дека Јапонија е населена со шинтоистички богови кои ги посетуваат светите места кои мора да бидат чисти.

The New Yorker објаснува дека чистењето и култот на чистина се врзуваат за книгата „Енгишики“ - укази од јапонски цар и законодавен статут напишан во 927 година. Во него било пропишано царската палата во Кјото да се чисти секоја година и тоа имало ритуално значење. Така верувале дека злите духови и несреќата се одгонувале пред почетокот на секоја нова година.

Од XIII век тоа го чинеле и во будистички храмови и шинтоистички светилишта, а таа пракса подоцна се проширила и на обичното население.   

Педантните Јапонци ги направиле аптека соблекувалната и трибините

Пешачки премин во центарот на Токио по победата на Јапонија

Како самураите ја шокираа Германија

30 ноември 2022 - 11:52