По шокот кој Саудиска Арабија ѝ го приреди на Аргентина, денес и Јапонија го здрма фудбалскиот свет со луд пресврт против големиот фаворит.
Иако почетокот не најави таков развој на работите пред повеќе од 40.000 гледачи. Германија тргна да ја оправда улогата, офанзивно уште од старт.
По несмасен и прилично смотан фаул на јапонскиот голман Хонда кој подоцна испадна играч на мечот, Германците оправдано добија пенал. Топката на белата точка ја намести искусниот Илкај Ѓундоган и реализираше лесно:
По водството, Германците тргнаа по втор гол, создадоа неколку зрели шанси но јапонскиот голман Хонда бранеше неприкосновено и на полувреме Германија замина со водство.
А во вториот дел, прво Доан во 75' минута израмни на 1-1, за Асано во 83-та минута да го донесе лудиот пресврт за три бода на Јапонија и историска победа над големата Германија.
Интересно дури 8 јапонски репрезентативци играат во Бундеслига (Такума Асано - Бохум, Даити Камада - Ајнтрахт, Рицу Доан - Фрајбург, Хироки Ито - Штутгарт, Ао Танака - Фортуна Дизелдорф во Бундеслига 2, Ватару Ендо - Штутгарт, Маја Јошида - Шалке, Ко Итакура - Борусија Менхенгладбах).
1 – Japan have won a World Cup match in which they conceded first for the first time in their history (D2 L7 before today). Spirited. pic.twitter.com/BxzbZB12n8
— OptaJoe (@OptaJoe) November 23, 2022
Чудесните, луди одбрани на јапонскиот голман
Пешачки премин во центарот на Токио по победата на Јапонија
Фото: REUTERS/Annegret Hilse, Kim Kyung-Hoon, Fabrizio Bensch, Lee Smith, Molly Darlington, Kai Pfaffenbach, Matthew Childs, Fabrizio Bensch; globallookpress.com/Cao Can; Gettyimages.ru/Claudio Villa, Alex Grimm