Стадионот „974“ е еден од осумте стадиони во Катар со цел одржување на ФИФА Светското Првенство 2022 во фудбал со капацитет од 40.000 седишта кој беше изграден и пуштен во употреба во ноември 2021 и на кој се одиграа шест натпревари во ФИФА Арапскиот Куп.
Oд осумте стадиони, седум беа изградени за потребите на СП, додека националниот Стадиум Калифа беше целосно реновиран и скоро непрепознатлив. Изградбата на сите осум стадиони заедно го чини Катар 10 милијарди американски долари или секој од нив некаде приближно околу 1,25 милиони американски долари, каде за настан како Мундијалот од четири недели, за функционирање на секој од нив дневно се издвојуваат околу 357 милиони американски долари.
Стадионот 974 се наоѓа во областа Рас Рабу Рабоуд, индустриска зона во која се наоѓа една од трите најголеми електрични централи кој ја снабдува земјата со електрична енергија. Тој е единствен стадион покрај море, во крајбрежна зона од Персискиот Залив кој уште се нарекува и Арапски Залив, а се наоѓа во медитеранското море во западна Азија.
Лесно е видлив по слетувањето во Катар поради неговата близина до интернационалниот аеродромот Хамад до самата марина во Доха. Името го добил по познатиот меѓународен број за Катар, но воедно го отсликува и карактерот и историјата на Катар во поморската трговија.
Со натпреварот помеѓу Мексико и Полска во групата Ц започна Светското првенство во Катар 2022 на стадионот 974 кој сам по себе по многу нешта привлекува посебно внимание. Но се чини неговиот начин на изградба и структура го прават уште по уникатен, а тоа е можноста за негово трансформирање и преселба во друга земја во светот како дел од т.н. грижа за зелена околина и ефикасна потрошувачка на енергија.
Овој тренд започна некаде со почетокот на новиот милениум и Олимписките Игри во Сиднеј 2000, а стадионот 974 е првиот воопшто изграден стадион од овој тип во историјата на Светските првенства.
Бројот кој го означува стадионот 974 крие во себе уште еден интересен факт. Имено, стадионот е направен од 974 модифицирани транспортни рециклирачки контејнери кои се сместени во челичната рамка (конструкција) на стадионот и се употребени за изградба на тоалети, разни простории кои се даваат под концесија за потребите на самиот стадион, скај кутии и простории за медиумите.
Природната вентилација создадена преку дизајнот на стадионот ја елиминира потребата од климатизација што дополнително ја намалува употребата на електрична енергија.
Организациониот Комитет на СП Катар 2022 поседува детален план на наследство за сите осум стадиони кои сега се користат за потребите на Мундијалот, а по негово завршување планот е столчињата да се извадат и донираат на земјите кои имаат проблем со спортска инфраструктура.
Самите стадиони ќе се преуредат во кафулиња, шопинг центри, училишта, болници во делот во кој сега седат навивачите, а самите фудбалски терени ќе се користат за локални натпревари.
Но се чини стадионот 974 го очекува најинтересна судбина. Имено, по завршување на Мундијалот, првичната идеја на организациониот комитет на СП 2022 беше овој стадион да се пресели на друго место во Катар за понатамошна употреба како дел од заложувањето на домаќинот за создавање одржлив спортски мега настан.
Но исто така постои и опција дека тој ќе се расклопи, транспортира и повторно склопи на некоја од можните следни дестинации. Како најсериозен наследник се спомнува Малдонадо во Уругвај доколку успее да се избори и го добие одржувањето на Светското првенство во 2030 заедно со Аргентина, Чиле и Парагвај.
Каде и да се пресели во иднина 974 и понатаму ќе претставува сведок на т.н. „тврдо наследство“ од спортските мега настани изразено преку изградба на стадиони, железници, автопати, патишта и секаков тип на инфраструктура која повеќе нема да биде само во сопственост на домаќинот, туку ќе продолжи да живее и биде корисен за следните спортски настани.
Нада Рочевска
Сликите се превземени од: Stadium 974 - Stadion in ad-Dauḥa (Doha) (europlan-online.de)