Полска загуби од Аргентина и пак се радува на осминафинале, Мексико и со победа трагичар

Мундијалот во Катар носи сè повеќе трилер завршници. Аргентина ја совлада Полска, која едвај куртули и избегна елиминација и покрај поразот и победата на Мексико против Саудиска Арабија. Секунди беа во прашање кога ќе се броеше кој ќе стане осминафиналист со помалку жолти картони. Шчесни му одбрани пенал на Меси.

На двете средби од Ц групата кога резултатите беа 0:2, почна да игра веселата математика, која се промени во 95-та минута. Полска и Мексико до тој момент имаа ист број на бодови (4), идентична гол разлика (0) и беа израмнени во меѓусебниот дуел (0:0).

Тогаш на мегдан излезе занимливиот четврти параметар, а тоа е бројот на жолти картони. Поради тоа што Пољаците имаа 5, а Мексико 7, Левандовски и компанија беа во позиција да се радуваат на пласманот во осминафинале, но сепак го почекаа крајот на другиот меч.

Токму во 95-та минута Саудиска Арабија постигна гол и со тоа им ја расипа гол разликата на Мексико, а Полска се ослободи од стравот дека може да биде елиминирана во случај Мексиканците во финишот да постигнеа трет погодок во финишот.

ПОЛСКА - АРГЕНТИНА 0:2

САУДИСКА РАБИЈА - МЕКСИКО 1:2

ТАБЕЛА
1. Аргентина 6
2. Полска 4

3. Мексико 4
4. Саудиска Арабија

Новите две осминафинални двојки се Аргентина - Австралија и Франција - Полска. Од претходно познати се: Холандија - САД и Англија - Сенегал.

30 ноември 2022 - 21:59