По првите девет мундијалски денови, Винсент Абубакар заедно со акробацијата на Ришарлисон против Србија, ги имаат сигурно двата најатрактивни голови во Катар.
Абубакар не е било кој, туку искусен 30 годишен напаѓач и капитен на Камерун, кој игра за Ал Наср во Саудиска Арабија.
Се работи за двократен првак со Порто за кој има постигнато 58 гола (2014-2020), како и двократен првак со Бешикташ.
За репрезентација има 93 настапи и 34 гола.
Погледнете уште еднаш што му направи на Вања Милинковиќ Савиќ.
Во 2017-та со гол против Египет во 88-ма минута, му донесе трофеј на Камерун во Африканскиот Куп на нации, откако многу паметно ја изработи одбраната. Голот од финалето е на 2:17.