Таг: Винсент Абубакар

Абубакар против тројца им одигра како Меси

Се сеќавате ли Камерунецот Винсент Абубакар што му направи на Вања Милинковиќ Савиќ на Мундијалот во Катар? Дечкото е роден за спектакуларни завршници. Погледнете го како мајсторски одигра синоќа против Динамо Киев, за победа на Бешикташ од 1:0 и пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Него да се вратиме на ремек делото на Абубакар против Србија

Изненадени од резултатот 3:3, особено од пресвртите, по што следуваше читање изјави и анализи, кој, каде и зошто погреши за така лесно Србија да потклекне, како да не обрнавме доволно внимание на велемајсторскиот камерунски потег. Кој е момаков и каде играл до сега?

Му го испи мозокот со еден потег

Винсент Абубакар од Бешикташ демонстрираше дриблинг пред турската јавност, мислиш во Бразил е роден, а не во Камерун. Го измести противничкиот играч кој не знаеше што го снајде. Роналдињо мајсторе, што ќе кажеш?