Вечерва на Светско ќе се судрат Иран и Америка, а тоа е повеќе од игра

После цели 24 години, на едно Светско првенство повторно ќе се сретнат Иран и САД, земји чии државни раководства водат жестоки политики едни против други и чиј дуел вечерва од 20 часот ќе биде борба за пласман во осминафинале на Мундијалот.

Интересно, Амир Абедзаде од Иран и Џовани Рејна од САД ќе се сретнат еден со друг 24 години откако нивните татковци Ахмад Реза Абедзаде и Клаудио Рејна играа еден против друг на Светското 1998 во Франција.

Кога пред 8 месеци на ждрепката за групи на Светско првенство беше јасно дека во иста група паѓаат Иран и САД, сите го прокоментираа политичкиот призвук.

А пред речиси четврт век назад САД и Иран се сретнаа на Мундијалот 1998 во Франција. Тој дуел медиумите го прокоментираа како „натпревар на сите натпревари“.

Средбата се одигра на 21 јуни 1998-ма, две децении откако ирански борци заробија во заложништво вработени во американската амбасада во Техеран и ги држел 444 дена што предизвика уште поголем прекин на дипломатските односи меѓу двете земји.

На месец дена пред тој меч, американските медиуми го нарекоа Иран „најактивен спонзор на тероризмот во светот“.

КАКО СЕ ОДВИВАШЕ ТОЈ МЕЧ И ШТО СЕ ОЧЕКУВА СЕГА?

И покрај напнатите односи меѓу двете земји кои неколку пати беа на работ од војна, односите меѓу играчите и навивачите во Лион пред мечот од Светско првенство беше прекрасен и дружељубив.

Екипите направија и заедничка групна фотографија, си разменија подароци, а Иранците на американските фудбалери им подарија и бели ружи во знак на мир. Фудбалерите на САД за возврат им подарија знаменца со грбот на нивната федерација.

„После сите опасности дека мечот ќе предизвика поголемо непријателство меѓу двата политички противници, Американците и Иранците направија празник на љубовта на теренот“, напиша тогаш The Washington Post.

На трибините имало по некој инцидент но меѓу иранските навивачи. Американските биле само набљудувачи. Дел од Иранците на трибини носеле пароли за поддршка на тогашниот претседател Мохамед Хатеми а некои носеле натписи „Смрт за Хатеми“.

Француската полиција конфискувала неколку банери и пароли, а пред мечот жандармите ги претресувале сите навивачи зошто строго се забранети предмети кои пренесуваат политички пароли. Ништо поинаку од денес во Катар, 24 години подоцна.

********

Иран беше последна репрезентација од вкупно 32 кои се квалификуваа на Светското 1998 и за нив ова беше прв Мундијал после далечната 1978-ма. На 21 мај Иранците за селектор го назначиле Џамал Талеби, тренер роден во Техеран но кој живеел во Калифорнија. Го напуштил родниот Иран во 1980-та година по исламската револуција. Од тој момент веќе 17 години живеел во САД.

„Повеќето стручњаци велат дека иранската селекција нема шанси за победа, дел викаа дека нема играчи од светска класа и дека во земјата врие од конфликти“, пишал Sports Illustrated во јуни 1998-ма година како најава за иранскиот тренер.

„Јас не сум политичар. Јас сум спортист. Ние дојдовме тука за да им покажеме на сите дека меѓу луѓето од две земји нема проблеми“, рекол Талеби за New York Times.

Центарфорот на Иран Ходадад Азизи рекол: „Нема да го изгубиме мечот“. Тој би обвинил САД за иранско-ирачката војна и додал: „Многу семејства на маченици очекуваат наша победа. Ние ќе победиме за нив“.

Така и би. Иран ја оствари својата прва историска победа на Светски првенства и тоа против најголемиот ривал - САД со 2:1. Победа која ден-денес ја сметаат за најголема во нивната фудбалска историја.

И покрај тој триумф, не успеаа да ја пројдат групната фаза, но сеедно победата против Американците им била повод за славје. Илјадници навивачи ги пречекале фудбалерите на аеродромот во Техеран.

Во тоа време лидер на иранската репрезентација беше голманот Ахмад Реза Абдезаде, а во репрезентацијата на САД, одличниот техничар Клаудио Рејна.

Фудбалската судбина сакале нивните синови, Џовани Рејна и Амир Абедзаде денес повторно да се сретнат на мечот САД - ИРАН (20:00 часот).

И двајцата ги потсетиле на историската вечер во Лион. Малиот Џовани Рејна кој игра за Борусија Дортмунд бил роден четири години по мечот во Франција, кога татко му играше за Сандерленд. Во тоа време денешниот голман на Иран Амир Абедзаде имал пет години.

29 ноември 2022 - 11:59